Со пост- терапија излекував 40000 луѓе од рак!

За време на терапијата, од исхраната треба задолжително да го исфрлите шеќерот, белото брашно, сувомеснатите производи и конзервираната храна.

Рудолф Бројс (1899-1990) е натуропат кој развил метода на терапевтско гладување позната под називот: “Тотална терапија“. Тој е автор на книгата „Рак, леукемија и други природно излечливи болести“. Во книгата наведува дека со неговиот метод, се до 1980 година излекувал повеќе од 40000 болни од рак и од други тешки болести.

Со гладување против ракот

Според Бројс, ракот е самостојна творба во нашиот организам, на која за раст и напредок и се потребни протеини кои се наоѓаат во цврстата храна, па според ова со гладување и внесување само на сокови од органски произведен зеленчук, ракот може да се уништи. Во соковите нема протеини, па затоа телото ќе почне да ги искористува протеините од туморот, што на крај ќе доведе до негова деструкција- т.е. до негово трошење. Затоа во текот на диетата не смее да се внесува никаква цврста храна која содржи протеини. Терапијата со која им се скратува храната на туморските клетки треба да се спроведува 42 дена, т.е. 6 недели.

За тоа време од организмот ќе се исфрлат сите нездрави работи кои сме ги внеле во телото преку храната, пијалоците или преку дишењето. Во другата половина на постот ќе почнат да се разградуваат нездравите клетки, а по 6 недели целиот организам ќе биде потполно обновен.

Со цел- лечење, Бројс користи сокови од коренест зеленчук. Терапијата која тој ја препорачува се состои во пиење на 3 до 5 децилитри сок направен од цвекло, морков, корен од целер, ротквици, и компир.

Со сево ова, зависно од заболените органи и ткива, се земаат и два литри чајни мешавини на ден, и 2 децилитри бистра супа од лук. За време на терапијта од исхраната задолжително мора да се исклучат белиот шеќер, белото брашно, сувомеснатите производи и конзервираните намирници.

Од што зависи успехот на терапијата?

Бројс тврди дека успехот на „Тоталната терапија“ може значајно да биде намален или доведен во прашање само ако терапијата не се спроведува стрикно под дадените упатства. Терапијата исто така нема да успее ако заедно со неа применувате и средства и методи со кои се служи конвенционалната медицина, а со кои покрај ќелиите на рак се уништуваат и многу здрави клетки.

Соковите треба да се прават од намирници кои се исклучително од строго контолирано огранско производство. Ако се користи зеленчук загаден со пестициди и други штетни материи, ќе се постигне спротивен ефект и наместо чистење на организмот и оздравување, би придонеле до негово онечистување и понатамошно развивање на болеста.

Во текот на гладувањето задолжително треба да се води сметка и за дигестивниот систем и по потреба треба да се прави прочистување на цревата- клистирање, за отпадните материи да не останат во телото и да не предизвикаат труење. Со сево ова што е препорачано, потребен е и престој на свеж воздух, физичка активност и масажа.

Важно е да се има на ум дека процесот на лечење подразбира и негување на позитивен став, т.е. избегнување на стрес и нездрави навики кои значајно допринесуваат до развој на болеста.

Ослободете се од отрови и хемикалии

Бројсовата терапија воопшто не е така едноставна како што изгледа на прв поглед.

Сокот и чаевите се само еден дел од сложениот пристап кон лечењето, поради што и самата терапија го добила називот- Тотална терапија.

За со сокот навистина да се постигне целосно лекување, покрај веќе наведените препораки мора да се почитуваат уште неколку правила, а едно од нив е да се обрати внимание и на причината на болестите.

Кога станува збор за причините за болеста, Бројс го нагласува штетното влијание на отровите и хемикалиите со кои сме опкружени во домовите- како што се: нафталин, средства против инсекти, освежувачи на простор, хемиски средства за чистење и слично. Ваквите средства мора да ги отстраните од домот. На пример наместо нафталин- Бројс советува употреба на лаванда, а за освежување на просторот може да се користи темјан.

Избегнувајте ги штетните зрачења

Помеѓу останатото, Бројс тврди дека повеќето од лица болни од рак и други тешки болести, имаат кревет поставен над подземните води и над места каде овие води се вкрстуваат. Поради тоа тој препорачува советување со радиоестезист кој ќе ви помогне да го преместите креветот за спиење на место каде нема вакви зрачења.

Освен лечење на рак и други тешки болести, Бројсовата терапија може да се спроведува и превентивно. Таа поттикнува процес на чистење на организмот и го зајакнува и имунитетот, а поради тоа што нема непријатни нус појави, се препорачува и за намалување на вишок килограми.

Постот или гладувањето одамна е познато како средство за лечење и духовно прочистување, а организирано-со стручен надзор, во Европа се спроведува од почетокот на 20 век. Таткото на медицината- Хипократ, исто така бил уверен дека гладувањето е одличен начин за прочистување на организмот и постигнување на оптимално здравје. Конвенционалната медицина сепак не ја прифаќа Бројсовата метода на лечење- како ефикасна метода, и напротив дури тврди за неа дека е штетна. За таквиот став прилично е заслужна и индустријата за лекови, но важно е да се напомене дека бројсовата терапија, ако правилно се спроведува, воопшто не е штетна. Сепак бидејќи во текот на терапијата се губат околу 15 килограми таа не се препорачува за деца, трудници, и лица со мала телесна маса, или лица во терминална/крајна фаза на малигни болести.

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *