Најлесен начин како да препознаете личност која сака да ве искористи!

За да би биле посреќни, добро е да ги познавате основните карактеристики на превртливите луѓе кои со другите се дружат најчесто само поради корист. По овие примери тие се разликуваат од искрените луѓе.

Тие се љубезни, имаат смисла за хумор и сакаат да привлекуваат внимание – од прв поглед нема ништо необично. Затоа и е тешко да се разликуваат вистинските искрени луѓе од оние кои се тука за другите само за корист или се добри само со луѓето кои имаат моќ.

Обратете внимание на овие разлики помеѓу искрените и неискрените луѓе и во иднина полесно ќе ги препознавате.

Најголемите разлики помеѓу искрените и користољубивите луѓе:

Пример 1.

Искрените луѓе – ги почитуваат сите луѓе околу себе.

Лажните луѓе – ги почитуваат моќните луѓе од кои имаат корист.

Пример 2. 

Искрените луѓе–  не се обидуваат да ги променат луѓето околу себе за да им бидат слични.

Лажните луѓе – силно сакаат да ги направат луѓето слични на себе.

Пример 3. 

Искрените луѓе – не им е важно дали се во центарот на вниманието.

Лажните луѓе – очајно сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Пример 4.

Искрените луѓе – не се фалат со своите успеси.

Лажните луѓе – на сите им нагласуваат што постигнале.

Пример 5.

Искрените луѓе – отворено го изразуваат своето мислење.

Лажните луѓе – бараат помали друштва во кои можат слободно да трачарат.

Пример 6.

Искрените луѓе – секогаш даваат се од себе да ги одржат своите ветувања.

Лажните луѓе – лесно ветуваат, но тешко исполнуваат.

Пример 7.

Искрените луѓе – отворено им се восхитуваат на другите луѓе и ги фалат.

Лажните луѓе – ги критикуваат другите луѓе за да се пофалат себе си.

Пример 8.

Искрените луѓе – насмеани се и секогаш имаат убав збор за луѓето околу себе.

Лажните луѓе – симпатични се со луѓето само кога им треба нешто, пишува Lifehack.

извор: новиживот.нет

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *