Едноставен и лесен колач со јаболки кој се прави многу брзо!

Секое семејство си има некое омилено благо со јаболки за ова време. Денес ви предлагаме многу лесен и брз колач со јаболки кој може да го направите за вашето семејство и за гости.

Состојки:

3 чаши брашно

1 чаша шеќер

150 гр масло

200 гр кисело млеко

1 јајце

3 јаболки

1 ч.л сода

прстофат сол

1-2 с.л оцет

Подготовка:

1.Во голем сад матете ги шеќерот, маслото, јајцата, киселото млеко и малку сол. Додадете го оцетот со угасената во него сода, мешајте и додајте го брашното. Замесете тесто

2.Распределете го на хартија за печење и измазнете го убаво.

3. Измијте ги, исчистете ги јаболките, исечете ги на парчиња и наредете ги на тестото.

4. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 Ц околу 20 мин.

 

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *