БОМБИЦИ: Здрави, вкусни и не поправаат!

Посни бомбици

Потребни ви се:

2 зрели банани

100гр урми

100 грама кокос

100гр мелени ореви

100гр мелени кикирики

2 лажици какао

Сок од портокал (по потреба, додека да ја постигнете посакуваната цврстина)

Подготовка:

Урмите исецкајте ги или изблендирајте ги со бананите и малку сок од портокал. Потоа додадете ги останатите состојки и додадете и сок од портокал по потреба. Измешајте убаво додека смесата да се соедини, и на крај обликувајте ја добиената смеса по ваша желба. На здравје!

 

Автор: Нутриционист Маја Велковска

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *