Господ е Најголемиот Лекар, а верата најдобриот лек!

“ А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.“ ( Исаија 53,5)

Кога Исус Христос дошол на Земјата да ја изврши Својата Мисија, Тој најголемиот дел од Своето време лекувал. Ги лечел и неизлечливите болести како лепра, глувонеми, слепи…

“И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја.“ Матеј 1,34

“зашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа кон Него за да се доближат до Него.“ Марко 3,10

Имајте вера во Него. Тој и денес е Најголемиот Лекар. За Него нема ништо невозможно.

Кога верувате , Му давате дозвола да влезе во вашите срца, да ги излекува од разни грижи, да ви ги прости гревовите, да ви ги исцели болестите и да ви помогне да продолжите напред.

Дозволете Му да ве излекува и исчисти, Верувајте Му, Тој е Најгоелмиот Лекар на сите времиња.

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *