Витаминот Ц ги одвојува клетките на ракот и ги уништува: Само доколку се зема на овој начин!

 Кога се зема орално, голема количина на витаминот Ц с еизлачува или останува неискористен во организмот. Наспроти тоа, интравенското вметнување на витаминот Ц во крвта е поефективно за 100 до 500 пати во однос на оралната употреба, велат стручњаците.

Ова би можело да објасни зошто многу клинички испитувања за поврзаноста помеѓу витаминот Ц и ракот, од кои многумина се потпираа на орална примена, не успеаја да ги поддржат резултатите кои се добиени во лабораториските испитувања.

Најновите студии на оваа тема, кои ја спроведоа научниците од Универзитетот во Ајова во САД укажуваат на тоа дека потенцијалот на витаминот Ц во борбата против ракот не доаѓа од антиоксидативните способности како што се претпоставувало порано.

Напротив, Витаминот Ц генерира слободни радикали кои ги раздвојуваат клетките на ракот, оставајќи ги здравите клетки целосно неоштетени.

Фокусирање на слабите малигни станици

Во едно претходно истражување, истите научници откриле дека високите дози на витамин Ц селектицно ги убиваат клетките на ракот во лабораториските обиди со глувците и тоа кога витаминот Ц ќе се вбризгува интравенски.

Во новите студии, тие се обиделе да ги откријат причините кои стојат зад овој ефект. Утврдиле дека во телото витаминот Ц брзо се разградува, произведувајќи слободен рдикал хидроген пероксид како нуспроизвод.

Ова е парадоксален ефект, бидејќи слободните радикали се спојки кои ја оштетуваат ДНК, а кои антиоксидансите како што е витаминот Ц ги отстрануваат од организмот.

Научниците понатаму откриле дека здравите клетки имаат одбранбени механизми кои лесно им дозволуваат да се спротивстават на оксидативните ефекти на хидроген пероксидот.

“Оваа студија покажува дека клетките на ракот се многу помалку ефикасни во отстранување на водород пероксидот од нормалните клетки. Така станиците на ракот се склони кон оштетување и смрт кога се под влијание на високо ниво на водород пероксид. Ова објаснува дека многу голема количина на витамин Ц кои се користи во нашите клинички испитувања не влијае на нормалното ткиво , но може да го уништи туморското ткиво “, кажува главниот научник Gary Butner.

Третман со висока доза на витамин C без нуспојави

Истражувачите откриле дека кај нормалните клетки се користат различни механизми за отстранување на водород пероксид, а тоа е еден од основните механизми на ензимот каталаза. Тие утврдиле дека низата активности на каталазата во станиците прави повеќе штета за нив отколку изложеноста на водород пероксид. 

“Нашите резултати покажуваат дека ракот на помали активност на каталазата одговара на високи дози на витамин Ц, додека ракот со релативно високи нивоа на каталаза покажуваат дури и полоши резултати”, рече Butner.

Истражувачите планираат во идните студии да се посветат на  начини да се измери нивото на каталаза туморите и да ја тестираат оваа хипотеза понатаму.

Она што е исто така важно е дека тие  спроведоа клинички испитувања со интравенска употреба на високи дози на витамин Ц кај пациенти со рак на панкреасот и рак на белите дробови.

Претходно, некои помали студии утврдиле дека овој третман има ограничени несакани ефекти и може да го подобри резултати за пациентите. Поголема студија се надева дека ќе се воспостави кога витаминот Ц, во комбинација со други третмани за канцер, всушност, може да се зголеми преживувањето на пациентите со рак.

новиживот.нет

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *