Работите не се секогаш такви какви што изгледаат!

Многу често ни се случуваат некои нелогични работи, кои мислиме дека не ги заслужуваме и кои ја колебаат нашата вера.

Но со текот на времето ќе сфатиме дека секоја ситница во животот има некоја смисла – дали е лекција, или благослов, кога губиме нешто, или кога добиваме…Но човечките критериуми не се како Божјите.

Еве една приказна која ќе ни објасни некои од тие прашања.

Два ангели-патници застанале да преноќат во семејство кое што било многу имотно.

Семејството било многу негостољубиво и не им дозволиле на двајцата патника да преноќеват во гостиската соба од нивната вила. Наместо тоа, ги оставиле да преноќеваат во мал простор од ладниот подрум. 
Додека ја подготвувале постелата на подот, постариот ангел забележал пукнатина во ѕидот и веднаш ја поправил.
Кога помладиот ангел го прашал зошто ја поправил пукнатината, постариот само му одговорил: „Работите не се секогаш такви како како изгледаат“.

Следната ноќ, ангелите останале да преноќеваат во куќата на еден многу сиромашен брачен пар. И мажот и жената биле многу гостољубиви. Откако со нив ја поделиле храната која ја имале во многу мали колични, брачниот пар го отстапиле нивниот кревет на ангелите, каде што ќе можат добро да се одморат.
Кога следниот ден се пробудиле, ангелите ги виделе сопругот и неговата сопруга во голема жалост со солзи во очите.
Единствената крава која ја имале и чие што млеко им бил главен извор на приходи, тоа утро лежела мртва.

Младиот ангел многу бесен го прашал постариот ангел: „Како си можел да дозволиш тоа да се случи? Првото семејство имаше С’е и ти им помогна поправајќи ја пукнатината во ѕидот. Ова семејство немаше ништо а сепак беше подготвено се да подели, а ти дозволи да им умре кравата.“

„Работите не се секогаш такви како што изгледаат“ – одговорил постариот ангел.

„Кога престојувавме во првата куќа, забележав во пукнатината на ѕидот скриено злато. Имајќи во предвид дека сопственикот е опседнат со пари, ја затворив пукнатината да не можат да го пронајдат тоа злато.“

„Оваа ноќ додека спиевме во креветот на ова сиромашно семејство, ангелот на смртта дојде по жената на овој човек, но јас му ја дадов кравата.
Значи, Работите не се секогаш такви како што изгледаат“.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *