КАКОВ ХЕРОЈ: Куче спасило цело семејство од наезда на кобри и потоа умрело.

Куче херојски го одбранил семејството кое го нападнале четири кобри и потоа умрело.
 Доберманот стоел цврсто на земјата, храбро се борел со змиите отровници и на тој начин спасил цело семејство од сигурна смрт.

Змиите пробале да влезат во куќата, но на својот пат наишле на кучето, кое го чувало дворот.

Сведок кажува дека во текот на борбата змиите го каснале и дека изгубил многу крв. Кучето не застанало додека не ја усмртил последната за да не би повредиле некој член од семејството.

Кучето за жал набрзо колабрирало од отровите кои му ги вбризгале во крвта. Семејството кое живее во Sebekapur и понатаму е во шок поради инцидентот кој се случил.

Дидакар им рекол на локалните медиуми:

“Во шок сум. Тој се жртвуваше за мене и моето семејство. Ќе го памтам се до својата смрт….“

Мештаните го испратиле кучето како што доликува, а на неговиот гроб положиле цвеќе.

 

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *