Бог секој ден го слушал мрморењето на еден човек се додека една вечер не одлучил да му одговори!

Си бил некој сиромашен и едноставен човек. Навечер, по заморната работа се враќал дома скршен и нерасположен. Љубоморно ги набљудувал луѓето кои се возеле во автомобилите и си уживале. “Нив им е добро“, мрморел човекот. “Тие не знаат што значи да трпиш. Кога би го носеле мојот крст би било поинаку.“

Бог со многу разбирање и трпение го слушал секојдневното мрморење на сиромашниот човек и една вечер го пречекл кога се враќал дома.

  • О ти си Господе, – рекол човекот изненаден. – НЕмој да ме прекоруваш.И самиот знаеш колку ми е тежок крстот што ми е на грбот.

Бог благо се насмевнал.

  • Дојди со мене. Ќе ти дадам можност да си одбереш друг крст.

Човекот одеднаш се нашол пред многу крстови. Имало секакви: мали, големи, рапави, мазни, тешки, лесни…

Тоа се крстови што ги носат луѓето…Одбери си слободно каков сакаш…

Човекот радосно го извадил својот крст и почнал да си бира крстови…

Најпрво пробал лесен крст, но бил поголем и неудобен за носење…Земал крст кој го носел некој свештеник но бил необично оптеретен со одговорност и жртва. Пробал да го стави мазниот крст но почувствувал дека силно го болел. Пробал и сребрен крст но ја почувствувал осаменоста и напуштеноста кога го ставил на себе. И така тој ги пробал сите, но имал приговор за секој од нив.

Најпосле, нашол некој крст кој бил истрошен од долга употреба. Почувствувал како да е создаден за него. Го ставил на грбот и викнал:

  • Го земам  овој крст. Баш добро ми прилега.

А Бог му упатил благ поглед и во тој момент човекот го препознал крстот дека тоа бил неговиот сопствен крст кој го носел целиот живот.

 

извор. новиживот. нет

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *