Кога Мислиш Дека Животот Не е Фер!

Дали во последно време сте имале тешка ситуација? Можеби сте биле изневерени, излажени, повредени или нешто друго.

Можеби сте побарале помош од некои и наместо да ви помогнат ви одмогнале повеќе….

Можеби сте налутени, повредени, загрижени и размислувате да се откажете. И кога поминувате низ вакви искушенија можеби си велите “Ова не е фер Боже“ или “зошто јас Господе?“

Најискрено секој кој поминува низ тешка ситуација има моменти на слабост, грижи и замор.

Имамме некои денови кога имаме силна вера но има денови кога сме разочарани. Сакаме да знаеме “Кога оваа олуја ќе заврши“ и се прашуваме “Дали ќе бидеме среќни повторно?“ “Дали може Бог да ми ја среди ситуацијата?“

Знаете ли како Му било на Исус кога минувал низ најтешката ситуација? Знаел каква тешка задача го чека но сепак бил понизен да ја исполни Татковата волја која за Него не била лесна.

Во Матеј 26,39  Тој се борел “ Оддалечувајќи се малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; сепак, нека биде не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти.”

Тоа било тешко време за Исус. Иако знаел Божјата слава го чека ако ја даде Својата жртва сепак се борел со телото и со емоцииите. Но сепак Тој издржал и победил.

Често сме заглавени во нашите чувства и тешки ситуации што забораваме да гледаме нагоре. Да не гледаме што е против нас туку кој е со нас.

Можете ли да замислите на што мислел Исус кога висел на крстот на Голгота? Додека некои го исмевале и камшикувале, верувам дека Исус ја гледал славата која била над Него. Тој гледал над она што е пред Него. Тој гледал над неговата ситуација. Тој мислел на нас кога ја носел тежината на Неговите рамена. Тој ги видел искушенијата и предизвиците со кои се соочуваме денес. Затоа се понизил до смрт. Знаел дека ќе има воскресение. Знаел дека поради таа смрт ние можеме да живееме. Заради Христа ние имаме сила да ги надминеме животните предизвици. Дури и кога изгледаат не фер.

Секогаш мора да гледаме на она што е направено во наша корист, што ни гарантира победа за ситуацијата во која се наоѓаме. Тоа е нашата надеж. Знајте дека има надеж за вашата ситуација. Сета надеж не е изгубена и не е крај додека Бог не каже така.

Поради тоа што Исус Христос го направи за нас на крстот, ние можеме да поминеме низ бурите на животот со сигурност дека ќе ги надминеме. Нашата ситуација не е за смрт, туку за слава на Бог. Погледнете се себе си во славата што е над вас.

Погледнете се себе си излечени.

Погледнете се себе си како ја надминувате финансиската криза

Погледнете се себе си среќни и во мир со Бог

Погледнете се себе си како живеете живот кој Бог сака да ви го даде.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *