ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ – ВИСТИНСКИТЕ И ЛАЖНИТЕ!

Вистинските пријатели може да се далеку. Но секогаш ќе бидат до тебе – кога навистина имаш потреба од нивното рамо.
Лажните се наоколу, само додека така им годи …

Вистинските пријатели ќе ти ја кажат вистината во очи. Дури и ако тоа те заболи. Зашто вистината е поважна од прекрасната лага.
Лажнитее ќе ти кажат само толку колку да не си ги расипете односите.

Вистинските пријатели нема да те поддржат секогаш и по секоја цена.Туку само кога си на вистинскиот пат.
Ако не си – ќе ти покажат каде си скршнал. И како да се вратиш на Патот со Срце …
Лажните … тие едноставно не се грижат. А и тие самите не го знаат Патот …

Вистинските пријатели не се многу. Но се доволно.
Лажните се на поминување. Кога има многу мед. А како ќе заврши медот – заминуваат на друго место …

Вистинските пријатели никогаш нема ти кажат дека ти се вистински пријатели. Тие го покажуваат – со своите дела.
Лажните само се тепат во градите …

Вистинските пријатели можат да бидат и поранешни непријатели.
Лажните пријатели можат да бидат и поранешни вистински пријатели. Но не и идни …

Вистинските пријатели можат да те предадат. Бидејќи и тие се луѓе …
Лажните секогаш се предавници. Бидејќи не се пријатели …

Вистинските пријатели се бараат цел живот. И се сомневаме во нивното постоење речиси секој ден.
Лажните пријатели  се секогаш околу нас. Но од тоа нема да ни е полесно …

Вистинските пријатели се Дар. Од Бога …
И ќе не најдат сами.
Зашто срцето  продолжува да ги вика …
Лажните … тие, всушност, немаат никакво значење.

– Пу?
– Да, Piglet.
– Ништо, само сакам да сум сигурен дека си тука Пу!

 

 

Автор:Пламен Петров

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *