Зошто Бог се грижи за вас …

Потсетете се на овие зборови секогаш кога ви е тешко и мислите дека се оди наопаку.. Кога имате чувство дека губите насока. Кога мислите дека ништо не ви оди во животот  и не знаете што да направите …

Оние мали нешта

Како што можеби се сеќавате, еден од вработените во една компанија преживеа за време на случката на 11 септември, бидејќи бил негов ред да купува крофни.

Некој човек – зашто влегол во сообраќаен метеж поради сообраќајка.

Една жена – бидејќи се исфлекала нешто на блузата и се забавила, додека се пресоблекувала.

Еден човек преживеал, бидејќи новите чевли му правеле рани на нозете и се упатил во аптеката, за да си купи фластер.

Некој друг – бидејќи го пропуштил автобусот.

Трет – бидејќи неговиот автомобил не палел.

Некој не успеал да фати такси.

Затоа сега, кога ќе наидете на нешто непредвидливо:

-ќе западнете во  сообраќаен метеж,

– го испуштите лифтот,

или се случи нешто друго од малите нешта кои толку не лутат, речете си:

Еве каде сака Бог да бидам токму во овој момент.

Следниот пат кога ќе ви  се чини дека сè оди наопаку, кога не можете да си ги најдете клучевите од колата или кога семафорите се на црвено, не лутете се – можеби токму во овој момент Бог се грижи за вас.

И нека продолжи да го прави тоа преку сите овие мали нешта, за да можете да се сетите на нивната евентуална намена.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *