Кога ништо не оди како што треба, запомнете го ова!

Кога ништо не оди како што треба … 8 нешта,кои треба да ги запомните!

  • “Ако поминувате низ пекол, продолжете да одете без престан” Винстон Черчил

Кога ништо не оди како што треба…еве 8 совети кои треба да ги знаете да ве мотивираат кога имате потреба од тоа:

1. Болката е дел од растењето.
Понекогаш животот затвора врати, бидејќи е време да се движиме. И тоа е добро, бидејќи често пати ние не одиме напред, ако околностите не не принудуваат. Кога ќе настапат тешки времиња, потсетете се дека ниту една болка не доаѓа без цел. Заминете од она што ви предизвикува болка, но никогаш не ја заборавајте лекцијата што ви ја дава. Тоа што се борите, не значи дека доживувате неуспех. На секој голем успех му претходи достоја болка. За тоа што е добро потребно е време. Останете трпелливи и уверени. Се ќе се среди, можеби не веднаш но на крајот ќе излезе на добро…

Запомнете дека има два вида на болка – болка која ве повредува и болка која ве менува. И двете болки ви помагаат да пораснете.

2. Се во животот е привремено.
Секогаш кога врне дожд, знете дека тој ќе престане. Секој пат кога ќе ви предизвикуваат болка, раната заздравува. По темнината секогаш се појавува светлина – за ова не потсетува секое утро, но и покрај тоа често ни се чини дека ноќта ќе продолжи засекогаш. Тоа нема да се случи. Ништо не трае вечно. Затоа, ако токму сега сè е убаво, уживајте . Тоа нема да трае вечно. Тоа што во даден момент животот не е лесен, не значи дека не можете да се насмеете. Ако има нешто што ви пречи, не значи дека не можете да се смеете. Секој момент ви дава нов почеток и нов крај. Секоја секунда вие добивате втора шанса. Едноставно, користете го.

3. Загриженоста и поплаките ништо не менуваат.
Оние кои се жалат најмногу од сите, постигнуваат најмалку од сите. Секогаш е подобро да се обидеш да направиш нешто поголемо и претрпиш неволја отколку да се обидуваш да успееш, без да правиш ништо. Ништо не е готово, дури и да сте  изгубиле; но сето тоа  е завршено, ако реално поверувате во тоа. Затоа продолжете да се обидувате. Не дозволувајте сенките на минатото да ви ја затемнат иднината. Поплаките од денешните доживувања, нема да направат утре да биде полесно. Наместо тоа преземете мерки, направете промена како да ја користите лекцијата. И покрај тоа што ќе се случи на крајот, се сеќавам дека вистинската среќа започнува да се приближува само кога вие ќе престанете да се жалите од вашите проблеми и започнете да бидете благодарни за сите оние проблеми кои ги немате.

4. Вашите лузни се симболи на вашата сила.
Никогаш не се срамете од белезите кои животот ви ги оставил. Лузната значи дека болка  нема повеќе и дека раната е заздравена. Тоа значи дека вие сте ја победиле  болката и сте извлекле  поука, сте станале  посилни и сте продолжиле понатаму. Лузната е нешто како тетоважа на триумфот. Не дозволувајте лузните да ве прават заложници. Не дозволувајте им да ве натераат да живеете во страв. Започнете да гледате на нив како знак на сила.  Од страдањата се појавиле најсилните луѓе; највлијателните луѓе во овој голем свет носат своите лузни од рани. Погледнете на своите лузни како на слоган: “ДА! ЈАс го направив ова! Јас опстанав и јас имам лузни! И сега имам шанса да станам уште посилен.”

5.Секоја мала битка е чекор напред
Во животот трпението не значи чекање; тоа е способноста да го сочуваме доброто расположение, работејќи напорно на своите соништа. Затоа, ако имате намера да се обидувате, одете до крајот. Инаку нема никаква смисла од почеток. Ова може да значи да ја изгубите стабилноста и удобноста за некое време. Може да ви се случи неколку недели по ред да не јадете или да не спиете колку што сте навикнати. Ова може да значи дека ќе се промени вашата удобна зона. Ова може да значи дека ќе слушнете потсмев. Ова може да значи осаменост. Но во осаменоста вие ќе го добиете просторот  што ви е потребен. Сè друго е тест за вашата решителност, за тоа колку вие навистина сакате да ја постигнете својата цел. И ако вие сакате тоа ќе го направите, независно од проблемите и  несогласувањата. И со секој чекор ќе се чувствувате подобро, отколку што можете да замислите во моментов. Ќе дознаете дека борбата не е пречка на патот, тоа е патот. И вреди да го изодиме до крај.

6. Негативната реакција на другите луѓе не е ваш проблем.
Држете се самоуверено кога негативнсота ве опкружува. Насмевнете се  кога другите се обидуваат да ве поразат. Тоа е лесен начин да останете во сопствениот ентузијазам. Кога другите луѓе зборуваат лошо за вас, продолжете да бидете свои. Никогаш не дозволувајте никакви разговори да ве променат.Вие не можете да ставате се на срце, дури и ако ви се чини дека ви влијае лично. Не мислете дека луѓето прават нешто заради вас. Тие го прават заради себе. Пред сè никогаш не се менувајте за да импресионирате некој, кој вели дека вие не сте доволно добри. Менувајте се, ако тоа ве прави подобри и ве води кон посветла иднина. Луѓето ќе зборуваат независно од тоа што правите и колку добро го правите. Грижете се за себе, а не за мислењето на другите. Ако веруваш во нешто, не се плаши да се бориш за него. Моќта доаѓа од надминување на она што другите мислат дека е невозможно. Животот ти се дава еднаш. Затоа прави го она што те прави среќен, и живеј со луѓето кои прават да се смееш.

7. Она што треба да се случи, ќе се случи.
Вие сте силни, кога се откажувате од плачење и жалење и почнете да се смеете и ценете го својот живот. Има благослови, скриени во секоја борба, со која се соочувате, но треба да сте подготвени да го отворите своето срце и ум, за да ги видите. Не можете да ги натерате работите да се случуваат. Можете само да се обидувате. Во одреден момент ќе треба да ја оставите ситуацијата и да му дозволите на она што е наменето да се случи, да се случи. Сакајте го животот, потпирајте се на интуиција, ризикувајте,учете се преку искуството. Животот е големо патување. Престанете да се грижите, да поставувате прашања и да се сомневате во секој момент. Смејте се, ако нешто тргне наопаку, живејте во моментот и уживајте во секој момент од својот живот, каков и да е тој. Може да не се најдете токму таму каде што сте сакале да одите, но на крајот ќе дојдете точно каде што треба да бидете.

8. Продолжете само напред
Не плашете се да се вратите назад – за да се обидете повторно да живеете повторно да љубите повторно да сонувате. Не дозволувајте несреќата да ве скрши. Најдобрите лекции во животот често пати ги учиме во најлошите времиња и од најлошите грешки.Понекогаш мора да се помине низ најлошото, за да се дојде до убавото.

Да, животот е тежок, но вие сте издржливи. Најдете сили да се смеете секој ден. Најдете храброст да се чувствувате различни, но сепак така убави. Најдете го во срцето она што ги тера и другите исто така да се насмевнат. Не придавајте големо значење на работите кои не можете да ги промените. Живејте едноставно. Љубете великодушно. Разговарајте праведно. Работете напорно. И дури и ако тоа се покаже како недоволно, продолжете. Не прекинувајте да се движите напред.

 

2 comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *