Си биле еднаш двајца браќа кои живееле на соседни фарми и кои многу се скарале. Тоа била првата жестока кавга во текот на четериесет години колку што живееле еден до друг помагајќи си и почитувајќи се.
Потоа таа хармонија била нарушена. Се започнало со едно мало недоразбирање кое завршило со груби зборови по кое следела тишина со недели.
Едно утро, некој чукнал на вратата на Џон. Ја отворил вратата и видел човек со столарски алат.
“Барам работа.“ – “Можеби овде на твојата фарма може да најдам некоја работа за мене?“ – прашал.
“Да“, рекол постариот брат. “Знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш онаа куќа од другата страна на потокот?Тука живее мојот сосед, поточно мојот помлад брат.Минатата недела помеѓу нас беше ливада, но тој копаше нешто од реката до овде и сега помеѓу нас е поток. Тоа го направи за да ми наштети, но ќе му вратам јас…Сакам да ми направиш ограда од два метра и да не го гледам ни него ниту неговата куќа…
Столарот рекол: “Се ми е јасно, дај ми материјал и ќе видиш како тоа убаво ќе го изведам.“
Постариот брат мораше да оди до градот, му даде на столарот материјал и замина.
Столарот целиот ден вредно работел, мерел, сечел…
Кога се вратил вечерта постариот брат столарот ја завршил работата. Тој се запрепастил.
Воопшто немало ограда. Тој направил мост кој ги спојувал двата брега на потокот. Тоа беше преубав мост а од другата страна на мостот му се приближувал помладиот брат со раширени раце.
“Навистина си прекрасен човек што направи мост после се што ти реков и направив.“ – рекол помладиот брат.
Браќата стоеле секој на својата страна на мостот па полека тргнале еден кон друг среќавајќи се на средината. Забележале дека столарот го крева својот алат и си заминува.
“Еј, почекај, остани уште неколку дена кај нас, има уште многу работи кои би можел да ги направиш.“ рече постариот брат.
“Би сакал“ – рекол столарот – “но имам уште многу мостови кои мора да ги направам.“
Извор: Новиживот.нет
Ех,
ако има повече дърводелци светът ще бъде по-хубав