МАМО,НА ДЕЦАТА НА НЕСРЕЌНИТЕ РОДИТЕЛИ ТЕШКО ИМ Е ДА БИДАТ СРЕЌНИ…

Maмо,

Утринава го прочитав твоето писмо и цел ден ми беше криво.
Би сакал да ги одберам за тебе оние зборови кои би можела да ги чуеш и разбереш правилно.

И сфатив дека единственото нешто што сакам да ти кажам е – ти посакувам  да бидеш среќна. Само среќна. Нели под сите твои грижи  да ме направиш успешен се крие твојата желба за мојата среќа?

А тоа не е во успехот, добрите оценки или барањата на општествените стандарди. Среќата е да си самиот себе, да бидеш прифатен, слушнат, мирен и тоа значи – среќен.

Без да очекуваш удари од  најблиските во семејството. Без очекувања да постигнеш нешто големо или да си подобар од другите. Без очекувања за сè – почнувајќи од задачите со рок во тетратката.

Мамо, на децата на несреќните родители им е тешко да бидат среќни, ме разбираш ли?

Гледам дека  работните денови во твојата работа, лутањата низ лавиринтите на конфликтите со тато, твојот голем труд да си успешна, да одговориш на социјалните барања ти одземаат огромно количество од твоите сили и воопшто не ти носат среќа и радост.

Ти не се смееш, напната си, очите не ти блескаат и се сеќавам како страдаш само од една твоја тешка воздишка. А ти воздивнуваш често, мамо. Ако на мама и е толку лошо, што да кажам за мене, нејзиниот син?

Ако мама е голема, силна и едвај се држи на нозе во овој суров свет, со мака се труди да остане своја: среќна, убава, насмеана, тогаш што да речам за мене? Уште мал, незајакнат, и воопшто не разбирам какви се патишта во овој живот.

Се сеќавам како трчам кон тебе, мамо. полн со радост, возбуден. Чувствувам во мене опоен бран на среќа. Јас сум сиот живот во овој момент … И се судирам со твојот погледот, твојот од, твоите забавени движења и веќе знам што ќе кажеш … Од твоите зборови целата оваа убавина внатре во мене драстично се гасне.

Јас секој пат ги заборавам тие случки и повторно трчам кон тебе, преполнет од среќа, живот и инспирација. Но секој пат кога ќе го сретнам повторно студот и заморот, преземам дел од правилата на играта и почнувам да се прилагодуваат според нив.

Се обидувам да се придржувам кон правилата. Секој пат – одново и одново. И станувам како големите – погледот ми гасне, чувствата се приглушуваат и животот престанува да изгледа како огромна прилика.

Се претвора во комплицирани шаблони и рамки, кои треба да бидат пополнети.

Е, тоа веќе и ти самата го знаеш мамо. Затоа ќе запрам тука. Ќе ти повторам уште еднаш, мила моја мамо, сакам да бидеш среќна. Не знам што ќе те направи среќна, тоа знаеш само ти самата. Омилена работа, маж … ти знаеш најдобро. И не е важно на колку сум години – на 2, 5, 10, 13, 20 …

Ако сакаш да ме видиш среќен, те молам, доближи до огледалото, погледни се во очите и искрено одговори си на прашањето: среќна ли сум? И ако одговорот е не, сети се, мамо дека на децата на несреќните родители им е многу тешко да бидат среќни. Ме разбираш ли?

И нема како да измамиш никого. Те молам, сети се за себе, за себе. И направи нешто да бидеш среќна. Децата на среќните родители имаат повеќе сила да се справат со тешкотиите. Со сите тешкотии.

Мамо, твоето лично среќа е највредната инвестиција во мојата иднина.

Те сакам, мамо. Обиди се да бидеш среќна.

Твојот син.

 

списание8.бг

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *