Топ 5 – растенија со најмногу калциум
Калциумот е уште еден минерал којшто е многу важен за нашиот организам. Сигурно веднаш го поврзуваме со здравјето и цврстината на коските, но тој извршува и други функции во нашиот организам па затоа е неопходен за добро здравје. Калциумот учествува во коагулацијата на крвта, го стабилизира крвниот притисок, овозможува нормална мозочна функција, неопходен е за пренос на информации помеѓу клетките, овозможува ослободување на супстанци кои пренесуваат сигнали од нервните клетки до целните клетки, ја овозможува контракцијата на мускулните клетки… Доколку сето ова ве заинтересира за да размислите како да внесете повеќе калциум во вашиот организам, тогаш дознајте кои се 5та растенија кои содржат најмногу калциум.
- Сусам, во 100гр интегрален сусам се содржат дури 975мг калциум. Сусамот е одличен извор и на: железо, манган, бакар, цинк и магнезиум.
- Соја, во 100гр соја се содржат околу 280мг калциум. Покрај калциумот во сојата има и одлични количини на: железо, магнезиум, манган, бакар, и фолат.
- Листови од тупка, во 100гр листови од трупка се содржат околу 200мг калциум, а има и големи количини на: витамин Ц, витамин К и витамин А.
- Кељ, во 100гр кељ се содржат 135мг калциум, а покрај калциум кељот е извонреден извор и на витамин К, витамин А, витамин Ц и манган.
- Спанаќ, во 100гр спанаќ се содржат околу 100мг калциум. Овој зеленчук е богат и со: железо, манган, витамин А и витамин К.
Одговара: Нутриционист Маја Велковска