Што да правиме кога не боли?

Мудра приказна, која ќе ве натера да го промените начинот на кој реагирате на разочарувањата во животот …

Еден возрасен учител во Индија се уморил од постојаните поплаки на ученикот. И тaка, едно утро го испратил да донесе сол. Кога се вратил, наставникот го натерал незадоволниот младич да истури грст сол во чаша со вода и потоа да ја испие.

– Каков вкус има? – прашал тој.

– Горчлива – одговорил ученикот.

Учителот се насмевнал, а потоа му рекол на момчето да го истури истото количество сол во езерото. Двајцата отишле тивко до блиското езеро и кога ученикот фрлил грст сол во водата, старецот рекол:

– Напиј се сега од езерото.

Кога водата ги допре неговите усни, учителот повторно го прашал:

– Каков вкус има?

– Сладок – гласел одговорот овој пат.

Тогаш учителот седнал до момчето, кој толку многу го потсетувал на него самиот  во младоста и рекол:

– Болката во животот е грст чиста сол – ни повеќе, ни помалку. Таа секогаш останува иста. Но горчината која ја вкусуваме, зависи од садот во кој се раствора болката. Затоа, кога те боли, можеш само да ја прошириш својата перцепција …

Не биди чаша. Биди езеро.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *