Зошто Бог допушта тешкотии!

Во време на криза сакаме да преземеме нешто и да ја средиме ситуацијата. Против нашата природа е само да стоиме и мирно да чекаме, а всушност стрпливо да чекаме Бог да делува може е една од најтешките работи во животот.Понекогаш дури и најдобрите верници може да дигаат паника кон Бог зошто не делува брзо и да извикнат: “Боже, направи нешто!“

Бог бара луѓе кои ќе се потпрат на Него во секоја криза, искушение и безизлезна ситуација. Понекогаш, иако изгледа тешко да сфатиме но Бог не води во некои ситуации кои се алармантни и тешки. Тој чека да види дали ние ќе стоиме мирно и ќе чекаме на Него да ни донесе чудесно избавување. Тој произведува во нас добар плод и обликува во нас пример на вера за да бидеме сведоштво Негово во ова безбожно време.

“Господ ги зацврстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта:“ Псалм 37,23  Бог ги одредува нашите стапки и ги зацврстува нашите чекори. тој сака да ни покаже по кој пат да одиме ако сакаме да живееме по Негова волја.

Бог никогаш не не напушта кога се наоѓаме на тежок пат.Тој е верен на своите деца кои се во криза. Неговата интервенција може не е по нашата замисла но Тој делува и ние треба само мирно да стоиме и да чекаме Тој да не доведе до победа.

 

извор:новиживот.нет

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *