Бог те сака многу и тоа го покажа на крстот!

Крстот на Голгота е доказ за големата Божја љубов кон тебе. Нема поголема љубов на Земјата од оваа што ја покажа Бог за тебе.

“Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“ Јован 3,16

Тој сака да биде дел од твојот живот и да ти помогне во сите области од твојот живот.

Дај му го твоето срце и Тој ќе се грижи за него. Никогаш нема да те повреди бидејќи неизмерно те сака. Посвети му се целосно и Тој ќе те награди во изобилство.

Нема да те изневери.

Нема да те напушти.

Секогаш ќе те чека.

Секогаш ќе те сака.

Безусловно.

Неизмерно.

Со вечна љубов.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *