Времето поминато со СЕМЕЈСТВОТО вреди секоја секунда!

“Немам време“ – изрека или изговор кој го слушаме секој ден. Немаме време за прошетка, за рекреација, да јадам, да се одморам, за пријателите, за себе и што е најтрагично за своето семејство.

Време може да има, но најважни се приоритетите.

Сакаме брза заработка по цена на своето здравје и времето поминато со своите најдраги.

Наоѓаме време за угледот, изгледот, општеството, но никако да најдеме за своите деца, родители, пријатели…

Не е до времето, до нас е.

Понекогаш и 5 минути многу им значат на децата, сопругата, сопругот, родителот, пријателот.

Понекогаш и секундата има драгоцена вредност.

Само треба да одлучиме да им ја подариме.

Семејството треба да биде на прво место бидејќи тие се оние кои најмногу те сакаат и кои најмногу имаат потреба од тебе  и кои најмногу се грижат за тебе.

Подари им го најубавото време од тебе бидејќи тоа двократно ќе ти се врати. Верувај, времето поминато со семејството вреди секоја секунда.

Не ја троши залудно!

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *