Исус Христос воскресна и пак ќе дојде!

“Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот; не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, “ Матеј 28,5-6

Најубавата вест која ја слушнале Неговите ученици е таа дека Исус Христос воскреснал од мртвите. Во време кога биле многу тажни и разочарани оваа вест ги охрабрила и израдувала многу. Веста набрзо се проширила и сите слушнале за Неговото воскреснување. Еврејските свештеници и римјаните кои сакале да ја спречат оваа вест се бореле со сити сили да ги замолкнат учениците, но оваа вест и ден денес ни носи надеж  во овој мрачен свет.

Најголемата надеж е дека Тој воскреснал и дека пак ќе дојде да не земе нас.

“Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж.  Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоените преку Исус, ќе ги доведе со Него.  Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените.  бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите;
а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ. Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови. 1Сол.4,13-17

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *