Не дозволувајте тоа што ве опкружува да ве контролира.
Често има ситуации и проблеми кои може да ви влијаат на вашата среќа, расположение, карактер , живот…Не заборавајте дека Бог е поголем од сите ваши проблеми.
Тоа не значи дека ќе немате проблеми и да поминувате низ тешкотии во животот. Но вие имате едно моќно оружје кое никој не може да ви го земе – тоа е вашиот СТАВ. Постојат многу работи кои луѓето може да ви ги земат , но вашиот став ви припаѓа вас. Ако вие не сакате да имате лош став, никој не може да ве натера да имате лош став.
Најдобар пример во Библијата е Јосиф кој имал добар став во животот иако бил долги години во затвор за нешто што не го направил.
Најлошо нешто кога поминувате низ некој тежок период е да се сожалувате и да се чувствувате мизерно.
Донесете одлука дека веќе нема да имате негативни и лоши мисли и да го трошите залудно времето во самосожалување.
Донесете одлука дека ќе имате позитивен став без оглед на околностите и дека нема да дозволите тоа што е околу вас да влијаа на вас!!!