Бог ништо не може да го изненади: Знае низ што поминувате и подготвен е да ви помогне!

Еден од најголемите стравови кај луѓето е стравот дека нема да го имаат она што им е потребно. Сакаме да се чувствуваме сигурни во секоја област од својот живот. Но, постојано сме нападнати дека нема да го имаме тоа што ни е потребно – финансии, здравје и сл.

Повеќе од било која друга заповед во Светото Писмо Бог ни зборува да не с еплашиме.

Бог никогаш не ни ветил живот без проблеми, но ни ја ветил својата сила и присуство да поминеме низ неволјите.

Пред неколку години на една пријателка која беше на рутински преглед докторот и соопшти дека се сомнева дека таа има не- Хочкинсов лимфом и тоа најагресивен облик на болеста.И рекоа дека треба да направат уште истражувања и дека може ќе поминат 2-3 недели додека дијагнозата се потврди.

Ја прашав пријателката како помина во тие недели на неизвесност и дали се плашеше? “Да, се исплашив.“ ми рече, “Но исто така знаев дека каков и да биде резултатот нема да биде изненадувачки за Бог.“ На крајот ми кажа нешто што може многу да ни помогне. Ми рече дека ако тие три недели се грижела и на крај дознае дека ја има болеста, тогаш таа залудно истрошила три недели од својот живот во грижи. А доколку дознае дека нема лимфом, а с егрижела исто така би потрошила три недели од својот драгоцен живот. Ми рече “Верувала или не, не изгубив ни минута сон во тие 21 дена исчекување.“

Дијагнозата беше дека таа навистина ја има таа болест, се оперираше и можам да ви кажам дека по 10 години таа е совршено здрава, без да ги потроши тие драгоцени три недели.

Ништо што се случува во вашиот живот не може да го изненади Бог и Тој е секогаш тука да ви помогне само треба да Го побарате во молитва.Бог ништо не може да го изненади.

 

novizivot.net

One comment

  1. ist mozda i dase kaze koj gi imam 3 decijna no so koj patajne go imam iskusuvajne sakam da znam i da se oslobodam od mojata nervenost ! moj ja imam !!! sepak se kogas se pomoluvam na boga toe sozdavatelot koj se nidava i ni odzima toj sekogas e so nas veruvam deka mozam no sepak sam nemozes se prasuvam dali imame kontakt so zorrovi elekromagnetni koj 1mdlon luge ne islusuva a bog e samo 1koj site odenas ne stava na nagovijot grb na negovite race!? sepak se prasuvame kako kako e mozno da di ade dohovno se prasuvame ne gledame a znaeme deka e od nego kako koje kontaktot !?

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *