Во лошите периоди се раѓаат добри одлуки!

Сите во животот имаме по некој лош период. Можеби и повеќе. Независно од тоа дали страдаме од некое здравствено заболување, духовна болка или друг вид на проблеми ние во тој период страдаме и духовно и телесно. Се повлекуваме во себе и бараме начин како да ја решиме нашата безизлезна ситуација. Лошите периоди најдобро ќе ги надминеме ако се фокусираме на нашите благослови кои ги имаме во тој момент. Ако гледаме само на лошите страни во нашиот живот може да паднеме во депресија и да не излеземе од неа. Кога поминуваме низ некој лош период најдобро е да:

  • Ги броиме благословите, а не проблемите

Сигурно има и добри нешта во животот, насочете се кон нив и унапредувајте ги истите. Не се предавајте на лошите чувства и мисли. Најдете некоја ваша добра страна во карактерот и работете на неа. НАјдете хоби и правете го. НАјдете позитивни личности и бидете со нив.

  • Го бараме Бог за решение

Само Бог има решение за секој проблем и само Тој знае како да излеземе од него. Но исто така Тој дава и сила да ја надминеме сета болка. Можеме во молитва да бараме Божјо водство и тој ќе ни даде мир во срцето дека Тој ја има контролата и нема да поминуваме низ грижи и нервози.

  • Негуваме позитивни мисли

Позитивните мисли се најдобар лек за сите болести. Ако постојано негуваме негативни мисли ќе с еобесхрабриме и ќе бидеме скршени што ќе ни ја исцеди енергијата во нас да можеме да продолжиме да се бориме понатаму. Ако постојано негуваме позитивни мисли и нашите резултати ќе бидат позитивни со тоа и нашиот живот.

  • Преземете нешто

За време на лошите периоди најчесто се раѓаат добри одлуки. Тогаш одлучуваме да смениме нешто во нашите животи. Тогаш сфаќаме дека нешто не е во ред и дека време е да свртиме нов лист во животот. Секое лошо за добро е. Што и да е, ќе помине. Но најважно од се е да с епромениме и да напредуваме во животот на секое поле!

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *