Бог има сè под контрола – оставете на Него!

Во секојдневниот живот нормално е да имате некакви грижи. за куќата , за здравјето,  за децата, финансиски грижи….

Но кога грижата ви станува товар и бреме од кое не можете да се отарасите тогаш тоа е знак дека треба да преземете нешто околу тоа.

  • Верувајте дека Бог има се под контрола!

Кога се грижиме покажуваме дека немаме доволно верба во Бог. Ако знаеме дека Тој се грижи за сите наши потреби немаме за што да се грижиме и нервираме. Тој во Библијата ни вели:

“За ништо не грижете се, туку во сè преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања,  и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.“

 

Оставете на Него, барајте во молитва секој ден Тој да ги води вашите чекори, да ве заштити вас и вашето семејство и имајте силна вера дека Тој тоа ќе го направи за вас.Тој сака да Му верувате. Тој никогаш нема да ве остави и напушти. Тој е со вас и во лошо и во добро. Знае се за вас. Препуштете Му ги Нему сите ваши грижи и имајте мир во срцето дека се ќе се среди.

Тој се грижи за вас и ден и ноќ.

Тој не спие. Тој постојано ве чува и сака неизмерно . Само треба да Му верувате.

 

2 коментари

Напиши одговор на Zoran Štros Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *