Зошто да ја проучуваме Библијата?

Можеби до сега сте добивале желба да ја читате и да ја проучувате Библијата, но за тоа не сте биле сигурни во однос на тоа, дали ќе можете да ја разберете, и дали навистина се чувствувате подготвени дека ќе знаете како правилно да ја проучувате. Ова размислување ќе го започнеме поставувајќи го прашањето: Зошто да ја проучуваме Библијата? – Ова е, и практично, и суштинско. Практично – бидејќи ќе ги научиме вистинските причини зошто е важно проучувањето на Библијата, но исто така е и суштинско, бидејќи тоа ќе нè подготви за идни дискусии за важноста на проучувањето на Библијата.

Young woman reading bible by stream in summer

Ќе наведеме листа од само неколку причини, зошто да ја проучуваме Библијата:

– Културна писменост;
– Да се научи што вели Библијата од прва рака;
– Лично усовршување;
– Да им се помогне на другите;
– Исус;
– Бидејќи е Божјо слово за нас;
– Да се запознае Бог подобро;
– Да ги избегнеме грешките. 

Културна писменост

Една причина да се проучува Библијата е за културна писменост. Постои убава напишана мисла: „Да се биде културно писмен е да се поседуваат основните информации потребни за да се напредува во модерниот свет.“ Едноставно кажано, Библијата содржи богатство од културна писменост. Библијата содржи делови кои не се однесуваат само на религијата, туку и на уметноста, музиката, филозофијата, литературата, правото и многу повеќе. Знаејќи што вели Библијата е важен дел од основата на културната писменост на секоја индивидуа.

Во Библијата го наоѓаме коренот на многу популарни фрази и метафори вклучувајќи ја и за добриот Самарјанин, глупоста на препуштањето на слепецот да го води слепец, да се оди чекор подалеку, етички начела како „постапувајте кон другите како што би сакале тие да постапуваат со вас“, мана од небото итн.

Што вели Библијата?

Друга причина да се проучува Библијата е да се научи што таа вели од прва рака. Без разлика дали некој е подржувач или критикувач на Библијата, или можеби само неутрален или неизаинтересиран за темата, историјата покажа дека Библијата не може да се игнорира. Со оглед на тоа дека Библијата е важна за трите големи светски религии – јудаизмот, христијанството и исламот – Библијата вреди да се проучува.

Покрај тоа, неодамнешниот пораст на лоши критики кон Библијата и религијата воопшто, ја прави Библијата достојна да се проучува. Понекогаш критичарите не секогаш ја цитираат Библијата правилно и во контекст. Знаејќи од прва рака што вели и имајќи некое знаење за содржината е корисно во разбирањето не само на актуелните настани, туку и клучните идеи кои се искажани во Библијата, како што се природата и постоењето на Бог, човечката состојба, библискиот модел на искупување, спасение и етика.

Лично усовршување

Илјадници години Библијата се чита не само како историја и како Божјо слово, туку и за лично усовршување. Ова, секако, е многу позначајна причина за проучување на Библијата за оние кои веруваат во Бог, но Библијата исто така е изненадувачки поучна и за оние кои не веруваат во Бог. Таа е полна со личности кои се соочуваат со морални избори, животни предизвици, и искрено, ситуации кои се применливи дури и за нас денес. Како што апостол Павле пишува: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.“ (2-ро Тимотеј 3:16.17; Библија)

Библијата е достапна за нас да учиме од неа, не само на интелектулано ниво, туку и на лично и емотивно ниво. 

Да им се помогне на другите

Библијата не е само да ја чуваме за нас како индивидуи, таа исто така е корисна да им се помогне на другите. Ние осознаваме вековна мудрост, па така има голема можност да им се помогне на другите со проучување на Библијата. На пример, книгата Пословици (една од книгите во Библијата) содржи општи принципи и идеи за да помогне на секого да го живее својот живот на начин кој е корисен и угоден на Бог.

Да се проучува Библијата со цел да им се помогне на другите не е само за свештените лица, проповедниците, туку е нешто кое секој може да го направи. Знаејќи што вели Библијата за различни теми, можеме да им помогнеме на другите да поминат низ тешки околности, да се охрабрат итн.

Исус

За христијаните кулминацијата на Библијата е во Новиот Завет, во животот, службата и воскресението на Исус Христос. Околу 2000 години по Христа, Неговиот живот и Неговата служба остануваат релевантни дури и во современиот свет. Без оглед на тоа како некој гледа на Христос, како и Библијата, Тој не може да се игнорира. Далеку од некој далечен пророк или ирелевантни личности во историјата, Исус Христос е во основата на христијанството. Особено проучувајќи ги четирите евангелија на Матеј, Марко, Лука и Јован, на секого ќе му помогнат да стекне подобро разбирање за Исусовиот карактер и Неговата мисија.

Божјото слово за нас

За луѓето од целиот свет, Библијата е Божјо слово за нас. Луѓе вдахновени од Бог ги запишале зборовите кои ја сочинуаат Библијата, со она што теолозите го нарекуваат „посебно откровение“. Со други зборови, Бог избрал да му се открие на човечкиот род, не само преку создавањето и совеста, но, исто така, особено преку Исус и преку Неговото слово. Проучувањето на Библијата, секако, е многу важно прашање за оние кои Го сакаат Бога и копнеат да Го следат Него.

Да се запознае Бог подобро

Бидејќи Библијата е Божјо слово, нејзиното проучување е начин да се запознае Бог подобро. Преку Неговото слово доаѓаме до поголемо спознание на Бог, но исто така и подобро го разбираме Неговиот план за секого од нас. Во поширока смисла, исто така го запознаваме Божјиот план во историјата, Неговата промисла, Неговата љубов и многу повеќе. Можеме да научиме многу за Бог и без Библијата, но со неа ние можеме да Го запознаеме Бога подобро.

Да ги избегнеме грешките 

Проучувањето на Библијата исто така ни помага да ги избегнеме теолошките грешки. Во Библијата е запишано: „Внимавај на себеси и на учењето! Истрај во тоа, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат.“ (1-во Тимотеј 4:16;) додавајќи дека мораме да „говориме за она што се сложува со здравата наука.“ (Тит 2:1; Библија) Ако Библијата е нашиот авторитет за верата и животот, тогаш вдахновените зборови кои ги содржи ќе ни помогнат да ги избегнеме грешките.
Во плуралистички свет со многу религиозни и нерелигиозни идеи кои се натпреваруваат за внимание, проучувањето на Библијата ни дава цврста основа во Божјата вистина, отколку грешките на светот. Знаејќи ја Библијата, исто така ни помага да одговориме на грешките и на прашањата коишто скептиците и други може да ги имаат околу ова прашање.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *