Cvekjinjata-na-majka-mi

Тоа се цвеќињата на мајка ми

Кога работничката на касата во супермаркетот ги пресмета моите намирници, вкупниот износ за нив беше 450 денари повеќе од она што го имав со себе. Почнав да вадам намирници од торбите, кога друг купувач ми даде 500 денари.
„Те молам, нема потреба да ми даваш“, му реков.
„Дозволете да ви кажам“, рече тој. „Мајка ми е во болница болна од рак. Ја посетувам секој ден и ѝ носам цвеќе. Утрово кога отидов таа ми се налути што сум ги потрошил моите пари на повеќе цвеќиња. Таа бараше да направам нешто друго со тие пари. Па затоа, еве, ве молам прифатете го ова. Тоа се цвеќињата на мајка ми“.

„Не собирајте за себе богатства на земјат… туку собирајте, за себе, богатства на небото…“ Богатствата на земјата може да ни се одземат. Криминалците можат да ги украдат. Времето и возраста можат да ги истрошат и да ги уништат. Пазарите може да се срушат и да се намали нивната вредност.

„Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.“ (Евангелие по Матеј 6:19-20, Свето Писмо – Библија)

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.