Овој брз одговор на молитва ќе ве остави без зборови!🙏🏿

Еден богаташ беше интервјуиран во една ТВ емисија. Тој беше милијардер.

Го прашаа дали нешто некогаш го изненадило или воодушевило.Тој рече дека на едно од неговите многубројни патувања низ светот, еден христијанин го шокирал со своето верување.

И така почна:

“Еден ден шетајќи низ улиците на Ерусалим, погледнав директно во црквата и видов како еден човек ги испружи стегнатите дланки кон небото и се молеше.

Сите други завршија со молитвата и си заминаа, но тој остана да се моли.

Интересно. Влегов во црквата да го видам лицето на човекот и го видов во солзи додека горливо се молеше.

Трпеливо чекав додека не ја заврши молитвата. Потоа го прашав што е проблемот.

Тој рече дека итно му требаат 1.000 долари за сопругата која била во болница.

Реков: „Зар затоа се молите толку страсно?“ Тој потврди.

Случајно имав точно 1.000 долари во џебот, па ги изброив парите и му ги дадов.

Тој веднаш ги подигна рацете да му се заблагодари на БОГА и се помоли за мене и за моите најблиски. Чудно беше што не знаеше ништо за мене, а во молитвата спомна работи што само Бог ги знаеше. Потоа стана, ми се заблагодари и сакаше да си замине. Збунет од неговиот став, му кажав колку сум импресиониран.

Така, ја подадов мојата лична картичка која ја содржи мојата директна телефонска линија и директна адреса за е-пошта.

И му реков:

„Импресиониран сум од тебе, кога и да ти треба нешто, пари… било која сума, јави ми се директно и ќе ја имаш.“

На мое изненадување тој ми ја врати картичката и ми кажа нешто што ме шокираше!!

Тој ја одби мојата понуда.

И водителката се изненади: „Зошто ја одби вашата понуда?“

„Неговиот одговор, ме натера да барам нешто што тој имаше, а јас го немав, требаше да го најдам за да се променам“ одговори младиот милијардер.

„Која беше неговата причина?“, праша очигледно нетрпеливата водителка.

“Па, според неговите зборови, тој рече: „Не, благодарам. Нема да ти се јавам кога ми требаат пари или нешто друго. Секогаш се јавувам на ОНОЈ што те испрати тебе, а тоа е мојот Бог.Ти си само одговор на моите молитви. Бог е тој што му треба на секој човек па и на тебе. Моли се и барај го Бог.”

AKO ЗНАЕШ дека на некој му требаш, и БОГ ти го става на патот, биди тука за него, за да бидеш среќен и благословен.

„Подобро е да се надевам во Гос­под, отколку да се надевам во човек.”

‭‭Псалми‬ ‭118:8‬ ‭MK2006‬‬

„Тогаш ќе Ме повикувате, ќе доаѓате кај Мене, ќе Ми се молите, и Јас ќе ве слушам. Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, зашто ќе Ме барате со сето свое срце. И ќе оставам да Ме најдете – зборува Господ, ќе ја изменам вашата судбина и….”

‭‭Еремија‬ ‭29:12-14‬ ‭MKB‬‬

Не дозволувај ниту еден човек да глуми Бог во твојот живот – дури ни твојот шеф.

БОГ е Давателот и Управувачот на универзумот.

Бог ја има контролата над твојот живот.

Гледај само во Бог!

Ќе додадам, никогаш во животот не се обидувај да играш Бог за никого, па дури и кога си во право, дај се од себе и продолжи.

Точно е дека Бог праќа луѓе, работи преку луге. Бог е тој што не поврзува со луѓе, за да се види неговата сила и големина во секоја околност во која ќе се најдеме за да го прославиме со тоа што го прави за нас.

„Кој говори сам од себе – ја бара својата слава; а кој ја бара славата на Оној Кој Го пратил – Тој е вистински; во Него нема неправда.“

‭‭Јован‬ ‭7:18‬ ‭MKB‬‬

„Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.“

‭‭Матеј‬ ‭6:33‬ ‭MKB‬‬

„Зашто кој ме наоѓа мене, го наоѓа животот и добива милост од Господа.“

‭‭Изреки‬ ‭8:35‬ ‭MKB‬‬

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *