Момче ја испрати својата мајка пред олтар пред да почине

Кит Буркет имаше 12 години и се бореше со рак се до венчавката на неговата мајка. После тоа ја изгуби битката и го напушти овој свет.

Борбата со ракот за ова момче започна кога тој имаше само 6 години. По операцијата сите мислеа дека сé е во ред, но на белите дробови се развил израсток кој се претворил во рак. Така започна неговата борба.

Кит кој доби прекар„Kourageous“ (Храбар) не сакаше да се откаже од животот. “Кога ќе пораснам можеби ќе имам жена и добро ќе се грижам за неа. Мислам дека спрема луѓето треба да се однесуваме онака како што сакаме тие да се однесуваат спрема нас”-рекол тој. Неговата приказна влијаеше на илјадници луѓе, кои го следеа развојот на неговата битка на “Facebook”.

Кога ракот се вратил по четврти пат, целата заедница во неговото место се собра за да му приреди радосен Божиќ. “Идејата за ран Божиќ за Кит се роди преку една парада во неговата куќа. После тоа само се зголемуваше желбата затоа што никој не сакаше да ја одбие-изјавила организаторката.

Прославата се состоеше од ди-џеј, стотина волонтери, божиќни украси, хуманитарна продажба на маици и прогласување на 21 октомври како “Ден на Кит Буркет”. Но врвот на прославата беше насмевката на ова момче.

По овој неверојатен Божиќ, Кит имаше само уште една желба, а тоа е својата мајка да ја испрати до олтарот.

“Мене како мајка, ми беше пекол да го гледам својот син како секој ден страда. Никогаш не помислив дека ќе седам и ќе го проколнувам Бог да го земе моето дете, затоа што повеќе сакам да биде со Бог, отколку вака да страда. Не е фер”- изјавила мајката.  

Кога Кит ја споделил својата последна желба, мајката веднаш прифати. “Тој рече : Мамо јас сакам да те испратам до олтарот пред да умрам”. А јас му одговорив дека ќе направам се за тоа да го остварам-рекла мајката.

На венчалната церемонија, на Кит му се оствари желбата и ја испрати мајка си до олтарот, која се омажи за неговиот очув. Неколку дена подоцна на “Facebook” излезе објава: “ Кит денес доби ангелски крилја и сега е на небото да биде со тебе Господе”. Кит почина после долгогодишната борба со ракот, при што остави позитивно влијание врз безброј животи.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *