Праведност = Исус. Ние немаме праведност одвоени од Него

Праведност = Исус. Ние немаме праведност одвоени од Него.

На почетокот на семестарот, мојот главен професор на факултетот отвори дискусија во класот, барајќи од нас да ја дефинираме праведноста.

Понудивме многу дефиниции. Праведноста е правилно постапување. Праведноста е усогласеност со Божјиот закон. Праведноста е светост. И, можеби уште подобро од тоа, праведноста е љубов. Не само што членовите на класот ги даваа овие дефиниции, туку вакви дефиниции можете да најдете и во инспирираните коментари.

Но, откако професорот нè предизвика да размислуваме за секоја можна дефиниција, конечно нè доведе до заклучок дека најдобрата, најцелосната дефиниција за праведност е Исус. Сите други дефиниции се несоодветни.

Ако, на пример, праведноста се дефинира како исправно однесување, тогаш единствено нешто неопходно за да станете праведни би било – што? Да го правите она што е исправно. Тогаш не би имале потреба од Спасител кога праведноста би била заснована единствено на однесувањето.  

Но, праведноста не е ентитет сама по себе. Тоа не е нешто што човечкиот род може да го произведе на било кој начин. Ние сме банкрот кога се однесува на праведноста. Исаија вели: „Така сите станавме нечисти, а сета наша правда како извалкани облеки.“ (Исаија 64:6; Библија) Не само што не сме во состојба да произведеме праведност, туку сме неспособни и постепено да создаваме резерви на праведност. Таа не е нешто што можеме да го добиеме или да го задржиме одвоено од Исуса. Според тоа, праведноста можеме најдобро да ја дефинираме како Личност. Сè додека го имаме Исуса, имаме и праведност. Но, без Него, немаме надеж за праведност.

„Грешниот човек може да пронајде надеж и праведност единствено во Бога, и ниту едно човечко суштество не е праведно подолго отколку што има вера во Бога и одржува животодавна врска со Него.“

Може да се обидете да го претставите тоа во форма на равенка. Ако Исус = Праведност, и Праведност = Исус, тогаш единствен начин да ја добиеме праведноста е да дојдеме кај Исус и да останеме со Него. Така би можеле да кажеме дека Човечкиот род + Исус = Праведност.

Еден ден, дискутирав за ова со група студенти на факултетот, кога еден млад човек во последниот ред чудно ме погледна, ја подигна раката и рече: „Но, ако Исус Сам по Себе е праведност, и ако човечкиот род плус Исус е исто така праведност, тогаш човечкиот род е еднаков на нула!“ Тој зборуваше како штотуку да сум направил голема неправда на човечкиот род.

Но, зарем тоа не е дилема на човечкиот род, дека ние немаме своја сопствена праведност? Ние вредиме сè во очите на небото. Исус на крстот ја докажал вредноста на човечката душа. Но, кога станува збор за остварување на праведност, ние сме беспомошни. Не можеме да ја произведеме, ние воопшто ја немаме.

Чарлс Т. Еверсон (Charles T. Everson) раскажал приказна за една жена која отишла да купи материјал за да сошие нов фустан. Таа со прстите поминувала низ ткаенините, го испитувала ткаењето, се воодушевувала на боите и шарите, сè додека на крајот не наишла на еден материјал кој изгледал онаков каков што посакувала. Додека сè уште се двоумела, сакајќи да се увери во исправноста на својот избор, сопственикот на продавницата ѝ пришол и ѝ рекол: „Забележав дека го гледате тој материјал, а случајно се случи дека токму од тој посебен материјал е сошиен и фустан. Можеби не го забележавте кога влеговте.“

Така, заедно отишле до излогот на продавницата, и жената извикала: „Прекрасен е! Токму тоа што го сакам. Материјалот беше прекрасен, но сега гледајќи го фустанот, целосно сум убедена.“ И таа го купила тој материјал.

Токму така е и со Божјиот закон. Ние можеме да се воодушевуваме на неговите начела; можеме да се сложиме со неговите правила. Но, пред да можеме вистински да го цениме и прифатиме, мораме да го видиме отелотворен во живот – Исусовиот живот. Кога ќе Го видиме Него, нашите срца се придобиени. А кога Го примаме Него, ја примаме и Неговата праведност.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *