ПРВО ЌЕ ГИ ИЗВЕДАМ ДЕЦАТА НА ПРАВ ПАТ, А ПОТОА ЌЕ ЖИВЕАМ. НО, ЖИВОТОТ ИМАЛ ДРУГ ПЛАН…

Една стара жена за подарок добила кутија полна со крушки. Одлучила прво да ги изеде оние презреаните крушки, за да не скапат, па потоа да ги изеде здравите и убавите. Секој ден јадела по една или две презреани крушки додека не ги изела сите. На тој начин ги потрошила сите крушки, а ниеднаш не вкусила здрава крушка.

Оваа вистинска приказна ме поттикна да размислам што чекам? Да заработам пари? Да пораснат децата? И потоа… Ништо. Времето истекува.

Неодамна разговарам со сосетката која со часови седи пред куќата и гледа во една точка. Ја прашувам што и се случило? А таа вели:

„Цел живот немав време и сега животот помина.“

Почнав да ја разубедувам дека животот не поминал, дека има уште време, меѓутоа, таа продолжи да зборува:

„Размислував на овој начин – ќе заработам пари, ќе изградам викендица, децата ќе пораснат, а јас ќе живеам за себе. Ќе почнам да носам фустани, да се шминкам, секогаш ќе имам фризура, но еве сега имам речиси седумдесет години и носам фармерки, не се шминкам, а повеќе од 20 години косата ја носам врзана во репче.

Децата пораснаа и си отидоа. Викендицата ја изградив, но никогаш не уживав…“

„Па што! Еве, ајде сега дојди со мене кај фризерката, ајде ќе одиме да купиме и фустан…“

„Не го сакам тоа повеќе. Уморна сум. Реалноста победи. Трката е завршена“, вели таа со замор во очите.

Пред мене седеше една исцрпена и уморна жена. Тогаш се сетив на една изрека која ја прочитав некаде: „Патот наречен „подоцна“ води кон земја која се вика „никогаш“.

Затоа, живејте ја сегашноста. Не оставајте ги убавите работи за подоцна, бидејќи ќе се расипат, како оние крушки на почетокот на приказната. Облечете ги омилените чевли денес. Нашминкајте се. Изгледајте онака како што сте сакале отсекогаш, бидејќи утре може да биде доцна. Не го одложувајте животот за подоцна. Ако ги задоволите своите потреби ќе бидете среќни, а среќната личност може сѐ!

prezemeno od srekja.mk

2 коментари

Напиши одговор на Vesna Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *