Личноста што добива почит, секогаш за возврат дава многу повеќе!

Денес модерно мото е биди лош, повеќе ќе те почитуваат, полесно ќе поминеш во животот.

Старите правила на воспитување како да не важат веќе. Кога старите не воспитуваа да не крадеме, да не лажеме, да бидеме чесни, скромни…

Ова е моден тренд кој навидум има инстант успех и подобро успева, но гледано на долгорочна стаза на животот и не е баш така.

Никој не сака да биде во друштво на некој што постојано лаже или можеби краде.

Човек може да с еизлаже еднаш, или двапати но следниот пат ќе внимава.

Лошата душа покриена со лажна насмевка, добра шминка и брендирана облека може да биде барана само за краткотрајно дружење со слични фејк пријатели.

Кога ќе паднат сите шминки,маски,облеки, останува само душата разголена која ако не е добра, никој не ја сака.

Секој сака добра и искрена душа, со топлина и ведрина, со насмевки и убави зборови.

Секој сака да биде сакан и почитуван.

Никој не сака да биде газен и отфрлен. Не е природно. Од Бога сме создадени да се сакам е и помагаме.

Затоа биди добар и добро ќе те снајде! Најдоброто животно мото!

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *