Научниците докажаа дека молитвата лекува: Го регенерира целиот организам, го намалува стресот и дава сигурност!

Руските научници од Сент Петерсбуршкиот универзитет, докажаа дека чудните лечења се поврзани со духовноста и открија многу телесни и душевни промени кои човекот може да ги доживее за време на молитвата.

Научниците докажале дека верникот кој е задлабочен во молитвата целосно ја исклучува мозочната кора, а тоа означува целосна сигурност и отсуство на стрес.Молитвата како лек против негативното размислување

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и утврдил дека свештениците и монасите кои се молат, целосно ја исклучуваат мозочната кора, а тоа уште е забележано и кај деца од тримесечна возраст кои се сигурни во близина на својата мајка.

Како што стареат луѓето, чувството за сигурност им се намалува, а се зголемува мозочната активност.

Активноста се намалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае врз луѓето.

“Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човековиот организам, таа ја обновува и уништената структура на свеста” тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофилозофија на Институтот за истражување и развој на психо-неврологијата во Сент Петерсбург.

Повеќето болести предузвикуваат негативни ситуации и проблеми кои за време на млитвата се повлекуваат, па дури и целосно исчезнуваат. Научниците докажале дека после молитвата се нормализира крвниот притисок и другите вредности во крвта.

извор:денешен.мк

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *