Има луѓе кои само сакаат да те искористат!

Има луѓе кои не доаѓаат во твојот живот за да те сакаат, туку да те искористат.

Не доаѓаат во твојот живот за да придонесат, туку да однесат.

Не те сакаат тебе, туку она што може да го добијат од тебе.

Не ти се лојални тебе, туку на користа од тебе.

Има луѓе кои никогаш не се тука за тебе, иако ти секогаш си бил/а за нив.

Има луѓе кои се во твојот живот, но не ти посакуваат најдобро.

Ако немаат корист, дали би биле тука за тебе?

Чувај ги луѓето кои ти помагаат, те сакаат и те слушаат. Ретки се. А луѓето од корист, како да се клонираат.

Не се надевај на луѓе. Туку на Бог

Господ вели:“Проклет да е човек кој се надева на човек.“ – Библија

Кога ќе се измориш од тоа да бидеш искористен, најди сила во Господ и во луѓето и пријателите кои секогаш се тука за тебе.

Ако те користат, те повредуваат, повлечи граница и дај им до знаење дека не сакаш таков однос повеќе. До тебе е. Луѓето се такви какви што се. Не можеш да ги смениш. Но не мора да дозволуваш да те користат повеќе. Ниту да им враќаш зло за зло.

Секој ќе си одговара за своите постапки еден ден пред
Господ.

Тие за нивните, ти за твоите.

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *