Вистински татко не е оној кој ги плаќа сметките, туку оној кој сфаќа дека семејството е на прво место!

Секој може да стане татко. Секој може да роди нов живот. Но потребен е некој посебен да го негува и сака тој живот.

Вистински татко не  е оној кој заработува доволно пари за да им купи на децата и сопругата скапи подароци или да ги носи на одмор два пати во годината.

Вистински татко не  е оној кој заработува доволно пари да ги прати неговите деца во елитни училишта или да плаќа сметки.

Вистински татко е оној кој сфаќа дека смеејството е на прво место.

Вистински татко е оној кој е секогаш тука за своето семејство.  Оној кој не го напушта своето семејство кога работите ќе станат тешки. Оној кој не го напушта своето семејство за да се справи со проблемите сам. Оној кој не се откажува од своето семејство и тврди дека направил се што можел  и дека веќе не постои нешто што може да го направи за да го сочува семејството.

Вистински татко е оној кој е волен да инвестира време и напор во неговото семејство дури и кога се чувствува изморен и надвор од својата комфорт зона.

Вистински, посветен татко е оној кој е подготвен да направи компромиси да ги жртвува своите потреби, желби и дури својата среќа за доброто на неговото семејство. Оној кој ги учи неговите деца на безусловна љубов и поддршка.

Вистинскиот татко е оној кој е пример за тоа како жената треба да се третира вистински. Оној кој ја третира жената со почит, љубезност и достоинство.

Вистински, грижлив татко е оној кој ги учи неговите деца на важноста на вредноста на љубезност, трпение и верност. Оној кој никогаш не лаже и манипулира со пред своето семејство  или некој друг. Оној кој ги учи своите деца како да градат однос кој с еоснова на доверба и почит.

Вистински, грижлив татко е оној кој ги учи своите деца на значењето на вистинското чесно однесување.Оној кој никогаш не ги нарекува своите деца и жена со зборовите “бескорисни,” “некомпетентни,” “слаби,” или “глупи.” Оној кој не дозволува да го изгуби трпението и да дозволи да биде закана за своето семејство.

Вистинскиот татко е оној за кој семејството е најзначајно во неговиот живот. Оној кој знае дека нема проблем, аргумент или искушение  кое е поважно од неговото семејство. Оној кој знае дека нема поголема и посилна љубов од љубовта што ја чувствува кон своето семејство.

Вистински, грижлив татко е оној кој е пример и инспирација за своето семејство Оној кој ги охрабрува неговите деца да растат лично и професионално. Оној кој ги учи неговите деца како да станат нивна најдобра верзија.

Вистински татко е оној кој им покажува како вистинската среќа и радост изгледаат. Оној кој се чувствува најзадоволен кога неговите деца се среќни.

Вистински татко е оној кој знае кои се најомилени пеачи, спортисти и хоби на децата. Оној кој знае што неговите деца сакаат или не сакаат, сонуваат или посакуваат.

Вистински татко е оној кој н едозволува неговите проблеми да ја одземат среќата на неговите деца. Оној кој колку и да е незадоволен и несреќен во својот живот не дозволува неговите деца да се чувствуваат исто.

Вистински татко е оној за кого неговите деца гордо велат: “Тој е мој пример, мој најдобар пријател, мој ментор, и мој тренер. Тој е мој татко.”

Да имате ваков татко е вистински благослов.

One comment

  1. Seriozno….sekoj ?????
    TOA posochete im go, na onie koj so GODINI SE trudat da stanat roditeli, I. NE uspevaat……da GI pratime ….odnosno povikaj te GI kaj bad
    Shtom ja imate formulate….
    Sekoj , brao….
    I kako beshe…..ne e tatko onoj shto GI plakja. Smetkite. 🙂
    Brao be nevesto….
    (Zensko SI GARANT ztom tatkoto ne e tatko, 😉
    Abe ednash da isposhtuvate deka toj, sto plakja ,znachi pridonesuva,
    Znachi se machi, ili barem raboti
    I DEKA mnogu momenti okolu decata , prioritetot e Vash, SE prvi, vduvate, SE prvi dizivuvate, I celi “happy” raskazuvate……
    I ste seriozni, deka tie segmenti od zuvotot, mali……a tolku golemi….
    Oonoj mizerniot “plakjac na SMETKI”
    I nishto drugo vo zivotot NE e. ..nesaka da GI dozivee…….
    EPA STE SE ZAEBALE
    DAJ BE EDNASH , VIE BIDETE TIE SHTO KE PODMIRUVATE….
    PA DA VI GO. VRATIME MUABETOT, DEKA NE E SE. VO MATERIJALNITE PODMIRUVANJA. …………
    Fala mnogu prijatno

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *