Природни средства за зајакнување на детскиот имунитет!

1.Прополис

Прополисот е природен антибиотик и помага при превенција на сезонските болести. Покрај тоа што го зајакнува имунитетот, прополис помага и кога болеста веќе се појавила. Ги олеснува симптомите на грипот и е ефикасен во лечења на кашлицата, воспалено грло, синуси или крајници. Кремот од прополис е одлично средство за лечење габни и бактериски инфекции на кожата. Истражувањата покажуваат дека намалува ризик од рак за дури 53%. За разлика од синтетичките антибиотици, прополис не делува само на бактериите, туку и на вирусите, нема штетни ефекти, а и бактериите не создаваат отпорност на него. Заради неговата широка употреба тој се вика лекот на 21. век. Внимателно при употреба на порполис се препопачува единствено на заболените од астма и алергија на полен кои пред користењето на овој препарат би требало да се посоветуваат со лекар.Покрај тоа што го зајакнува имунитетот, прополисот помага при одредена болест со тоа што ги ублажува симптомите, лечи кашлица, воспаление на грло, крајници и синуси. Прополисот е природен антибиотик, добар при превенција од сезонски болести и смалува ризик од заболување дури за 53% отсто. За разлика од синтетичките антибиотици, Прополисот не делува само на бактериите, туку и на вирусите, а и самите бактерии не можат да станат отпорни на него. Поради неговата сестраност, се нарекува „лекот на 21 век“. Внимание при употреба им се препорачува на астматичарите и хронично болните, кои пред негова употреба треба да се посоветуваат со стручно лице. Прополис-капките обично се земаат два-три пати на ден, така што на лажичка со мед или шеќер се капнуваат околу 20 капки. Корисни се и спреевите за грло и нос на база на прополис. Добар е и за дијабетичарите. Може да го намали оштетувањето на бубрезите и црниот дроб. Ги разградува масните станици. Лечи се’ – од алергии до вирусни инфекции.

Image result for прополис

2.Колострум

Оваа волшебна состојка гисодржи сите потребни компоненти и информации како би се изградил силен,комплетен имунолошки состав. А силен имунолошки состав е темел на добро
здравје бидејќи му помага на телото во борба против сите видови болести.

Kолострум, кој уште се нарекува и претходно млеко e еден вид на млеко кој млечните жлезди го произведуваат неколку часа по раѓањето.
Неговата уникатна комбинација многу се разликува од составот на обично млеко.
Првата храна на новороденчето е од суштинско значење за правилен и здрав раст и развој.
Во колострумот можат да се најдат имунолошки вредни супстанци кои се неопходни за борбата против многу микроорганизми. Имаат најбогат избор на имуноглобулин ( антитела) и содржат уникатна комбинација на фактори за раст. Покрај тоа, колострумот е збир од супстанци кои го стимулираат имунолошкиот систем. Исто така, е извонреден во поглед на неговите нутритивни вредности. Хранлив е и идеален , бидејќи во својот состав содржи: протеини, масти, шеќери, витамини,ензими. Image result for colostrum

3.Ехинацеа

Ехинацеа (Echinacea purpurea) е дива билка со розов цвет која потекнува од Северна Америка. Лековитите материи од ехинацеа делуваат имуно стимулативно, што значи дека создава повеќе одбранбени клетки и така полесно се бориме со предизвикувачи на болестите. Ехинацеа е природен антибиотик и доверлив чистач на лимфните клетки.

Ехинацеа е билка која нуди нова надеж на лицата кои имаат проблеми со чести инфекции, пад на имунитетот и имаат резистенција кон голем број антибиотици

Ова билка е силен антиоксиданс, има посебно нагласено анти бактериско делување, го забрзува зацелувањето на раните и го зајакнува имунитетот. Наменета е за интензивна и кратка терапија. Во алтернативната медицина ехинацеа важи за извонредно делотворна билка и се користи против многу заболувања. Има крупни цвеќиња и семки кои имаат ситни боцки, поради кои потсетува на еж, а тоа е и незиниот грчки назив. Има повеќе видови на ехинацеа, сите потекнуваат од Северна Америка, а девет видови  успеваат само на овој континент. Сепак од сите нив, лековити својства покажуваат три вида – Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallida. Сите три имаат розов цвет и содржат исти состојки, а единствена разлика помеѓу нив е застапеноста на корисните материи. Богати се со фенолкарбонски и депсидни киселини, а етеричните масла содржат дури 20 компоненти, помеѓу кои и оние кои во лабораториски услови покажале дека ги уништуваат клетките на тумор. За лекување се користат и надземни и подземни делови на билката и од нив се подготвуваат шурупи, чаеви, тинктури, таблети сокови … Меѓутоа, како би се одредило дозирањето на вистински начин, задолжително би требало да се советувате со доктор или фармацевт, бидејќи во спротивно прекумерната консумација може да предизвика несакани ефекти

Индијанците ја користеле ехинацеа за лекувањето и превенција на воспаление на респираторни органи стотици години пред доаѓањето на европските доселеници. Со почетокот на 19. век ја прифатија и европските доселеници  ја преселиле во Европа. Нејзината популарност во Европа се зголемила откако во средина на деведесеттите во Германија било спроведено истражување со кое се докажала нејзината ефикасност.

Ехинацеата е добра при чести инфекции на грло, афти, инфекции на препони, кожни реакции предизвикани од бактерии, при состојба на пад на имунитетот, грип и други слични состојби. Сепак мораме да нагласиме дека ехинацеата е лек кој не треба да се користи повеќе од неколку недели, таа е за краткотрајна и брза терапија, не за постојана употреба.

4.Свежоисцедени сокови

Најздравиот начин да го ревитализирате вашето тело со витаминска бомба е преку природен домашно исцеден сок. Свежите сокови од овошје го чистат организмот од насобраните токсини, а соковите од зеленчук го регенерираат, додека заедно го зајакнуваат имунитетот.

Потребен е само соковник и добра волја, па чашата на здравјето ќе биде и чаша на задоволство.

СОК ОД ЈАБОЛКО

Сокот од јаболко содржи пектин кој ги чисти црниот дроб и цревата и ја обновува цревната флора. Ги апсорбира отровите од цревата и со тоа го олеснува прочистувањето на крвта и кожата, а исто така го подобрува и излачувањето на мокрачната киселина. Благодарение на изобилното количество витамини и минерали, сокот од јаболко ги чува срцето и крвните садови и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Сокот мора да биде 100% чист, без додаток на шеќер.

СОК ОД МОРКОВ

Сокот од морков содржи бета каротен, фолна киселина, витамини Ц, Б и Е (наречени уште и витамини на младоста), калиум, фосфор, магнезиум, калциум, па морковот е идеален помошник за зачувување на убавината на кожата, ноктите и косата. Богат е и со витамин А, кој го стимулира растот на клетките и нивната делба, ја нормализира размената на материите и хемиската рамнотежа во организмот, го зголемува имунитетот и го подобрува видот.

Препораки: Бидејќи во сокот од морков има доста шеќер, не треба да се пие во големи количини и најдобро е да се разреди во однос 1:1 со вода или со сок од друг зеленчук или овошје.

За освежување на организмот: во соковник се цедат два моркова, едно јаболко и парче целер.
За зајакнување на организмот: во соковник се цедат два моркова, две цвекла и еден лимон, а се додава малку магдонос, една лажичка сусам и една лажичка матичен млеч.
Се препорачува за пушачи за блокирање на канцерогените материи присутни во цигарата.

СОК ОД ДОМАТ

Сокот од домат содржи многу ликопен, кој штити од рак и од болести на срцето, но и ја штити кожата од штетните влијанија на УВ зрачењето. Исто така, содржи витамини Ц и Е, па се користи и за релаксација на нервите.

Се користи чист сок од домат или разреден во однос 1:2 (еден дел чист сок и два дела вода).

СОК ОД ЗЕЛКА

Листовите на зелката содржат калиум, сулфур, железо, калциум и селен, кои штитат од рак, но и делуваат позитивно на желудочната и цревната слузокожа и спречуваат појава на чир, а ако тој веќе постои, влијаат поволно. Сокот од зелка изобилува со витамини Ц, Б и Е и провитамин А.

Препораки: Сокот од зелка има силен вкус, па се препорачува да се консумира со сок од јаболко или морков. Сличен состав има и келот, па може да се користи како замена на зелката.

СОК ОД КОМПИР

Изобилува со витамини Ц, Б и К, како и со минерали калциум, калиум, железо и магнезиум. Поволно делува на органите за варење. Помага при хроничен гастрит, киселини, гасови, колитис, опстипација (нередовна столица).

Препораки: Може да се користи во комбинација со сок од зелка или морков. Важно е сокот од компир да се пие кога компирот е зрел и тоа од јули до февруари, бидејќи по тој период во ‘’ркулците и зелената лушпа се насобира отровна материја соланин.

СОК ОД ЦВЕКЛО

Содржи многу витамини и минерали, пред сè фосфор, калиум и сулфур, кои се битни за создавање на еритроцитите. Исто така содржи и магнезиум, па го зајакнува и нервниот систем. Поволно влијае на нарушен менструален циклус, климактерични тегоби, ревматизам и покачен крвен притисок. Одлично го прочистува организмот од отровни материи.

Препораки: Сокот од цвекло треба да се чува во фрижидер 3 часа пред употреба, бидејќи содржи супстанци кои предизвикуваат мачнина, а со чување во фрижидер тие супстанци исчезнуваат. Се препорачува да се пие по една чаша сок од цвекло дневно и тоа навечер.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *