Од живот на конец сега полн со предизвици да игра пак фудбал и да помине повеќе километри со трчањето!

Точно 2 ипол години од тој проклет ден кога животот ми се скрати, кога немав волја за ништо, кога сите мои блиски роднини и пријатели беа уништени, но ЈАС со мојата силна верба во ГОСПОД а и во тоа дека постои можност дури и нереалното да стане реално ги пребродив  тие денови, најтешки и најстрашни во мојот живот.

15.06.2016 година ден кој никогаш нема да го заборавам бидејки ова е мојот втор роденден кој го славам секоја година.

Лесно можеме да се соочиме со низа на несреќни околности за кои не сме подготвени, дури ни на сон не би помислиле на нив. Важно е само да ја промениме перспективата. Ќе бидеме далеку поподготвени за несреќните околности ако го прифатиме единствениот факт, дека не може да постојат животни подеми без падови.

Си ја отворам душата за да ја раскажам мојата вистинска приказна и да ја споделам мојата мака. Многу лекции, многу болка, борба пред се и на крај среќа.

Како младо 23 годишно момче ја почнувам оваа приказна која заврши со среќен крај.

Како и секој човек после завршување на средно образование или фалкутет бара да си ја пронајде среќата со вработување, бидејки секој сака да се осамостои. Така бев и јас по завршувањето на средното образование се вработив во фирма која се занимаваше со Ит сектор. Беше убав ден се додека не се случи она непосакуваното…

12:20 часот. на булеварот Јане Сандански  бев учесник на тој немил настан … каде што мене како пешак ме удри автомобил, со тоа што се здобив со тешки телесни повреди. Од повредите и болките што ги имав бев во коматозна состојба цели дваесет денови. Дури и докторите не ми давале шанса за живот. Но со силната верба во Господ и во мене како што напоменав и погоре нереалното да стане реално јас  успеав и останав жив.

Бев активен спортист играв рекреативно фудбал и знаев да се занимавам со атлетиката од каде што пред  сообраќајката имав освоено и неколку награди со трчањето. Откако излегов од болница следеше втората фаза од опоравувањето на повредите а тоа беше рехабилитација која ми помогна многу околу моите повреди.  Бидејки бев многу активен со играње на фудбал и трчањето сакав пак да пробам дали ќе можам и дали ќе успеам.

Моите повреди не го дозволуваа тоа но јас си го зацртав тоа како еден мој личен предизвик дека се што се сака се може. И успеав.

Откако завршив со рехабилитација се пријавив на првата трка во чест на Методија Веновски – Мето.

Предизвик ми беше дека тоа што го сакам и што е во мојата крв ќе го продолжам и го продолжив.Следеше и мојата втора трка во мојата населба  Илинден од каде и потекнувам. Го своив второто место на 2000м каде освоив и медал.

И ден денеска сите мои пријатели, комшии се чудат како тоа останав жив. Одговорот им го давам на сите ист: Господ е голем ми помогна на мене, ќе помогне на сите.

Со ова сакам да кажам дека само со позитивен ум можеме да си овозможиме позитивен живот.  Минатото неможеме да го промениме но треба да ја гледаме и сегашноста и иднината што е пред нас.

Во животот победата е најслатка на тој што ќе победи!

Автор: Филип Ристовски

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *