Како да се излечите од болното минато!

Чувството на болка, отфрлање, недостигот на самодоверба и очај се нешта кои сигурно сте ги почувствувале во текот на животот. Но Господ може да ги излечи и вашите најдлабоки рани и можете да станете тоа за што ве создал Тој.

Не  е важно колку сте ранети кога ќе дојдете кај Исус за помош. Тој ја платил цената за вашето лечење (види Isaiah 53:5), и ако направите она што Тој ви вели да го направите , Тој ви гарантира дека ќе ве ослободи ( Hebrews 10:35-36).

Кога ќе се најдеш во таква ситуација, Бог сака да ти каже “Можеш да се сожалуваш или да се охрабруваш, но не можеш и двете, што одбираш?” 

Самосожалувањето никогаш не помага. Не те менува тебе ниту луѓето околу тебе. Само ја црпи енергијата, ја краде надежта и те спречува да уживаш во благословите кои Господ ти ги дал.

Ова е твој животен избор.

Избор кој треба да го направиш сам.

Ако сакаш да ја доживееш Божјата сила во твојот живот, тогаш со Божја помош мора да се откажеш од самосожалувањето.

Може изгледа како очигледен избор, кој би избрал самосожалување кога е понудена сила како алтернатива? Но, многу луѓе го прават тој избор секој ден….бидејќи иако го мразат, или не го препознаваат, станува навика во која наоѓаат одредено количество на утеха.

Предавањето на самосожалување прави да се чувствуваш моментално добро, но подоцна те парализира и не ти дозволува да направиш промена во твојот живот, те прави да се чувствуваш мизерно, а кога ти се чувствуваш мизерно сакаш и другите да се чувствуваат мизерно.

Самосожалувањето е жалење за тоа колку ти е лошо во животот, но зар не  е време да за заблагодариш за добрите работи и да Му дозволиш на Бог да те води кон добар живот ?

Направи ги другите среќни и биди активен/а во повеќе области од животот кои те прават среќен/а.

Време е да тргнеш напред. Остави ги изговорите. Остави ги грешките кои те држат за минатото. Излекување и прекрасен живот се пред тебе. Само направи го твојот чекор.

2 коментари

Напиши одговор на mena.k.jakimoska Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *