Нема толку голем проблем колку што е голем Бог!

Нема таква ситуација или проблем што може да ве раздели од Бог, ниту толку голем проблем што Тој не може да го реши.

Апостол Павле во посланието до Римјаните 8 глава ни објаснува дека можеби понекогаш ние е многу тешко и мислиме дека Бог не  е тука за нас, и мислиме дека е далеку но овој стих јасно ни кажува дека никаква мака или неволја не може да не одвои од Него :

“Кој ќе нè одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот?
 Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нè убиваат; нè сметаат како овци за клање.”
 Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нè возљуби.“

Павле сака да ни каже дека какво и да е името на вашата ситуација, има име што е над се, има Милост поголема од вашата ситуација, има Спасител Поголем од вашиот проблем…

Дали некој лошо зборува за вас, или имате финансиска криза, или брачна криза, што сте направиле или што зборуваат за вас, ништо не е поголемо од Божјата Милост и Љубов.

Павле продолжува со стихот :Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината,
ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нè оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.

и во истата глава ни дава ветување Бог: А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сè им содејствува за добро.

Да се држиме блиску до Него и до Неговите ветувања, да не се плашиме од никаков проблем , бидејчи нема таков проблем или ситуација со која Бог не може да се справи, само треба да ја предадеме во Негови раце!

2 коментари

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *