Еве што прави Бог со вашите проблеми кога ќе ги предадете во Негови раце!

„Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.
 Тој нè избави од таква страшна смрт, а и уште нè избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нè избавува;“ (2. Коринтјаните 1.9,10).

Целта на слепата улица е да ве сврти кон Бог и да имате доверба во Него. Зошто Бог дозволува работите да станат така лоши и да излезат од контрола? Зошто би не притиснал да му веруваме наместо да веруваме во својот ум и снаодливост.

Кое е ветувањето за верата во Бог? Тој ве ослободи и Тој ќе продолжи да ве ослободува. Бог користи три различни наччини на ослободување:

1) Бог користи ослободување по пат на околности. Понекогаш Бог чудесно ги менува осолностите, па Црвеното море ќе го раздвои. Ова ќе се случи многу пати во вашиот живот, но не и цело време.

2) Бог користи лично ослободување. Наместо да ги промени околностите, Бог ве менува вас одвнатре. Добивате нов сон, нова визија, нов став и нова перспектива.

3) Божјото конечно ослободување. Бог не ветил дека ќе ја отстрани целата ваша болка во овој свет  и дека ќе ги реши сите ваши проблеми. Поради тоа што сме на Земјата околу нас има страдање, тага и болка. Конечното ослободување ќе с еслучи еден ден кога ќе дојде Исус Христос и ќе ни подари вечен живот за небото каде нема да има страдање, болка, тага и скршени срца.

Само еден е начинот да с естигне до таму: „Јас сум патот, вистината и животот. Никој не доаѓа кај мојот Татко освен преку Мене“ (Ivan 14,6).

Кога с енаоѓате во слепа улица, Исус може да го земе тој безнадежен крај и да го претвори во безгранична надеж.

Се наоѓате ли во слепа улица?Ве повикувам да го земете тој проблем, таа ситуација и својот животи сето тоа да го предадете на Исус Христос. Бог секогаш го прави она што е најдобро за нас.

One comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *