Благодарен син им купил куќа на родителите-им приредил вистинско изненадување!

LeJuan James е популаренi Youtuber кој станал популарен поради својот хумор и страст кои ги внесува во своите видео снимки. Пред да стане познат, никој не знаел кој е тој. да не биле неговите родители, тој денес не би бил овде. Тие се во брак 33 години, а тој вели дека нив им должи се во животот.

Во текот на животот,неговитe  родители жртвувале се за него и неговите браќа и сестри за да би имале работи кои тие ги немале кога растеле. По десетгодишна работа, LeJuan им приредил изненадување на своите родители.

Пред да стане Youtuber, неговите родители работеле екстремно тешки работи. Се преселиле од Puerto Ricо во Америка.Неговата мајка била чистачка во Disney World преку ден, а навечер и во текот на ноќтаi работела во продавница која работи 24/7. Неговиот татко бил домар кој исто така работел во смени во Burger King и често работел ноќе.

Двајцата работеле полни смени за да можат да го изгледаат своето семејство.Иако LeJuan често не им кажувал на своите родители, бил многу благодарен на нивната жртва. По повеќе години, кога изградил своја кариера,бил во можност својот сон од детството да го претвори во реалност. Целиот живот фантазирал за тоа да еден ден им купи куќа на своите родители.

Конечно успеал во тоа. Им ставил превез преку очите и ги одвел до тоа место. Во видеото неговите родители се збунети бидејќи не знаат за што се работи. Кога го извадиле превезот, си помислиле дека тој си купил куќа за себе, а потоа сфатиле дека тоа е поколон за нив. Силен емотивен момент кој сигурно никогаш нема да го заборават.

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *