Како стариот мудрец го исцелил момчето: Лек за најлошото чувство на безнадежност!

“Дојдов да барам совет, ме мачи чувство на безнадежност и не сакам повеќе да живеам. Сите ми велат дека сум промашување и безнадежен случај. Ве молам учителу, помогнете ми.“

Мудрецот фрлил поглед на младичот и му одговорил брзајќи: “Прости ми, но многу сум зафатен и не можам да ти помогнам. Имам нешто итно да направам“ но потоа застанал за момент, се замислил и одговорил: “Ако се сложиш да ми помогнеш, радо ќе ти ја возвратам услугата.“

„Секако, учителу!“,возбудено рекло момчето, но со горко размислување дека неговите маки се повторно занемарени.

„Добро“, рекло момчето и мудрецот го извадил од прстенот драгоцениот камен „Земи го мојот коњ и оди на пазарот! Итно треба да го продадам овој прстен.Пробај да добиеш пристојна цена,и не се согласувај на ништо помалку од еден златник! Оди сега и врати се што побрзо!“

Момчето гои зело прстенот и одјавало со коњот. Кога стигнал на пазарот, го покажал прстенот на разни продавачи, кои на почетокот го гледале заинтересирано. Но кога слушнале дека ќе го продава само за злато, го изгубиле интересот. Некои продавачи му се смееле во лице, а други само се свртувале од него. Само еден постар продавач бил доволно љубезен да му објасни дека златото е превисока цена за таков прстен и дека најверојатно може да добие само бакар или сребро за замена. Момчето се вознемирило многу, веќе поминал низ целиот пазар  помеѓу стотина луѓе…Се качил на коњот и си заминал. Многу депресивен поради својот неуспех, се вратил да го види мудрецот.

„Учителу, не можев да го исполнам вашето барање,“ рекол. „Најдобро што можев да добијам е сребреник, но ми рековте да не се сложам со ништо помалку од златник! Ми рекоа дека овој прстен не е толку вреден“.

„Момче, тоа е многу важна работа!“,рекол мудрецот. „Пред да го продадеш прстенот, не би била лоша идејата прво да ја провериш неговата вредност!А кој би можел тоа д аго направи ако не јувелир? Одјавај до него и дознај ја цената.Само, немој да му ја продаваш без оглед на тоа колкава е ценатаi! Одма дојди кај мене“.

Момчето го послушало мудрецот и одјавало до . Човекот со лупа долго го набљудувал прстенот, потоа го измерил. На крајот, се свртел кон момчето и му рекол:„Кажи му на својот учител декамоментално не можам да му дадам повеќе од 58 златници за овој прстен Но, ако ми даде малку време би го купил прстенот за 70“.

„70 златници?!“, извикало момчето. Се насмеа, му се заблагодарило на јувелирот и побрзало да се врати кај мудрецот. Кога ја слушнал приказната од момчето, му рекол: „Запомни, момче, дека ти си како овој прстен. Драгоцен и единствен! И само стручно лице може да ја процени твојата вредност” Зошто тогаш губи време лутајќи низ пазарот слушајќи го мислењето на секоја будала?“

One comment

Напиши одговор на blaga Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *