КОГА ОД СРЦЕ ЌЕ ИЗВИКАМЕ, БОГ НЕ СЛУША. ЕВЕ ДОКАЗ!

Кога од срце ќе извикаме, Бог не слуша. Тој е оној кој ја става молитвата во нашето срце. Тој знае за оние 50 денари и го гледа роднината кој доаѓа со автомобил. Тој не инспирира преку молитвата со вера да го примиме она што Тој за нас го подготвува. Еве сведоштво на еден наш читател.

Пред неколку години, се враќав од една забава. Беше лето, но таа ноќ беше многу ладна, а јас бев само во кошула на кратки ракави. Одев пешки кон својот дом кој беше оддалечен 20 километри. Уморен од одот, го замолив Бога да ми прати некаква помош која би ми го олеснала мачното одење навечер. Веќе и огладнев, а во паричникот веќе немав пари.

Со понизност во срцето и цело свое битие , го замолив Небесниот Татко за помош. После неколку метри, нешто светна на тротоарот од десната страна на улицата. Поттикнат од чувството, поминав низ уливата и на тротоарот видов монета од 50 денари. Целиот пресреќен, ја ставив во џебот. Меѓутоа, набрзо радоста сплесна, а во себе помислив како Бог може да ми помогне на некој подобар начин, бидејќи  толку касно во ноќта  не работеше ни една продавница, ни една пекара.

Но, по десет минути одење, здогледав пекара која работеше 24 часа. Бев одушевен, па купив две топли пецива полнети со ореви. Се заблагодарив на Бога и во шала реков:„Ете, фала ти Боже, сега само уште да стигнам брзо дома, би ти бил уште по благодарен.“ И, навистина, чудо! Позади мене засвири автомобил. Беше тоа мојот роднина кој не практикуваше да поминува од таму, па ме однесе до дома навистина брзо. Фала му на Бог за Неговите знакови, на малите , но сепак толку големи за оние кои имаат срце кое постојано слуша.

2 коментари

Напиши одговор на МИЛЕ Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *