Среќни се оние кои другите ги прават среќни!

Ме палите и ја гледате мојата светлина… Се радувате на јаснотијата и топлината која ја дарувам… Се веселам што смеам да горам за ВАС… Да не е така, би лежела во некоја кутија без корист, а смислата ја добивам баш по тоа што горам.
Но, добро знам, што повеќе горам, тоа пократка станувам, повеќе се ближам кон својот крај.

– Изгоре !!! Ќе кажете, а она што останува го фрлате… Знам, за мене постојат само две можности:
Или да останам во кутија, во темнина, или со горење да постанам кратка, да дадам се што имам во корист на светлината, а со тоа да се доведам самата себе до крајот.

Сепак, УБАВО Е АКО ИМАМ ШТО ДА ДАДАМ.
ГЛЕДАЈТЕ !!!
Истото се случува и со ВАС, ЛУЃЕТО…
Или се повлекувате, останувате сами за себе и се е студено, празно и темно, или се зближувате со другите и им дарувате од својата ЉУБОВ и ТОПЛИНА, и тогаш ВАШИОТ ЖИВОТ добива смисла.

Но, знаете и тоа дека за ова, мора да дадете нешто и од ВАС самите… Нешто од Вашата радост, од Вашата срдечност, од Вашата смеа… Можеби нешто и од Вашата тага.
И не треба плашливо да размислувате за тоа, како ќе се сочувате самите себе… Само оние кои другите ги веселат, стануваат многу повесели, само оној кој е светло за другите и самиот ќе прими светло.

Што повеќе горите за другите, толку посветло ќе биде за ВАС… Многу луѓе само затоа се тмурни и нерасположени, плашливи и затворени, бидејќи се плашат да бидат ТУКА за другите!

 

ТИЕ не го разбрале најважното:ЕДНО ЕДИНСТВЕНО СВЕТЛО КОЕ ГОРИ, Е ПОДОБРО ОД ЦЕЛАТА ТЕМНИНА НА СВЕТОТ.

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *