Поучна приказна:Чувај се од лажна скромност!

Еднаш ученикот го запраша Старецот:
– Како да научам да ги разликувам луѓето, кому да верувам а од кого да се плашам?
– Најпрво ќе ти кажам од кого да се плашиш – рече Старецот –

Чувај се од лажна скромност!

Кога ќе видиш некој кој се поклонува пред тебе, те прегрнува и ти приоѓа со добро расположение – од тој плаши се најмногу!
– Зошто Старче? – се зачуди ученикот. –

Објасни ми!
– Затоа што тој прв ќе те изневери! –

одговори Старецот и воздивна.
– А кому да верувам? – праша ученикот.
– Верувај му на оној кој не ти ласка туку ти ја зборува вистината па каква и да е; такви луѓе први ќе ти пријдат да ти помогнат!

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *