Што и да барате во мое име, Јас ќе го исполнам!

 

Како да се молам? Дали за еден христијанин постои поважно прашање? Како да му се проближам на Кралот на славата?

Кога ги читаме Христовите ветувања во врска со молитвата, склони сме да мислиме дека Тој во нашите раце става преголема сила, освен ако набрзина не заклучиме дека и за него е невозможно она што ни го ветува. Тој вели дека “било што“, и да замолиме- тоа ќе ни биде дадено.

Но Тој вметнува еден услов и кажува дека мораме да бараме во негово име. Тое е услов и тоа единствен услов, иако понекогаш е искажан и со други зборови.

Значи ако бараме, а не примаме, тоа може да биде единствено затоа што не сме го исполниле тој услов. Но ако сме негови вистински ученици- ако сме искрени, ќе се потрудиме (бескрајно многу ќе се потрудиме- ако е потребно) за да откриеме што тоа значи- да се бара во негово име и нема да бидеме задоволни се додека не го исполниме тој услов.

Ајде повторно да го прочитаме тоа ветување за да бидеме сосема сигурни во врска со него: “ и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам. (Јован, 14: 13-14)

Ова сега е нешто сосема ново бидејќи нашиот Господ рекол: “ Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде радоста ваша полна.“ (Јован 16:24)

3 коментари

Напиши одговор на Gunes Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *