ПОУЧНА ПРИКАЗНА ЗА МОЛИТВАТА:Еве како таа ни помага, додека ние не сме ниту свесни за тоа!

Приказна за момчето кое упорно учело молитви, но ништо не можело да запамти, па разочарано се прашувало дали треба да престане да се моли. Еден старец му го дал следниот одговор:

Си било еднаш едно младо момче, кое со денови, со недели и со месеци учело молитви. Но во неговата глава ништо не останувало. Се поминувало како вода, и ништо важно не останувало.

Целосно разочаран, одлучил да престане да се моли. Во тоа време слушнал за еден старец, голем молител кој во тој период престојувал во пустината.

“Епа добро ќе го посетам мудрецот и ќе се обидам за последен пат да пронајдам одговор на прашањето како треба да се молам“- помислило младото момче.

Тргнало на пат, го пронашло мудрецот и го прашало:

“Голем учителу! Дали ќе сакате да ме научите на вистинска молитва- за да почувствувам некоја корист од неа?

Старецот му одговорил:

“Го гледаш ли ова валкано сито онаму?“

“Да“, одговорило младото момче.

“Ајде земи го и со него донеси вода од реката.“

Момчето го земало ситото, се приближило до реката и со ситото се обидело да земе од водата, но штом го кренало ситото, водата истекла од него.

Се вратило кај старецот со празно сито. Кога старецот го здогледал, му рекол повторно да се обиде да донесе вода со ситото.

Така момчето се обидело да донесе вода во ситото неколку пати, но на крај му се здосадило и го прашало старецот:

“Зошто ме мачиш да правам бесмислени работи, кога во сито не може да се донесе вода?“

Старецот му одговорил:

“Сине мој исто е и со молитвата. Ти навистина не донесе ниту една капка вода, но ситото кое беше валкано сега е чисто. Тебе само ти се чини дека од молитвите немаш никаква корист и дека ништо од нив не останува во тебе. Молитвата те прочистува, иако ти тоа не го чувствуваш, исто како што и водата го исчисти ситото.“

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *