Животот е бумеранг!Секогаш ти го враќа она што го праќаш!

Еден убав и сончев ден татко и син се искачиле на некоја планина. Во еден момент синчето се сопнало, паднало и викнало “ауууу”. На негово изненадување планината му вратила “ауууу”.
– ” Кој си ти?”- прашало детето.
– ” Кој си ти?”- набрзо му вратила планината. 
– ” Страшен си “- викнало детето,
– ” Страшен си” – одговорил некој.
– ” Кукавицо” – викнал на крај и
– ” Кукавицо” му се вратило.
После многу неубави зборови момчето разочарано се свртело кон својот татко и го прашало:
” Тато, што е ова? ”
Таткото го погледнал својот син и наместо одговор викнал:
– ” Најдобар си”
– ” Најдобар си” – му вратила планината.
Детето зачудено го погледнало, а таткото продолжил и му рекол:
– ” Ова што го слушаш се вика ехо, но всушност така е и во животот. Животот ти враќа се што ќе кажеш или направиш. Животот е огледало на нашите мисли и дела.

Поука: Ако сакаш повеќе љубов во светот…биди љубов. Ако сакаш поголем успех во она што го работиш…усоврши го своето знаење и вештини. Најтешко е да си признаеш дека ТИ си одговорен за сопствениот живот, за сопствените избори, за сопствените одлуки. Но, кога ќе го прифатиш тоа, тогаш ТИ ќе бидеш креатор на сопствениот живот. Животот ќе ти врати се што си вложил во него. Животот не е збир од случајности…животот е она што си ТИ!!!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *