Еве што му прави прескокнувањето на појадокот на вашето тело!

Зошто не е добро да се прескокнува појадокот? На кој начин првиот оброк во денот, влијае на вашата здравствена состојба и на капацитетот за работа? Од што е составен идеалниот појадок? Резултатите од скорашни студии беа споделени од страна на Американски нутриционисти. Уште еднаш се докажа: прескокнувањето на појадокот е штетно!

Во вообичаената збрка наутро, кога излегувате од дома- не заборавајте на појадокот! Научниците открија дека секојдневно консумирање на појадок е од исклучителна важност за вашето кардиоваскуларно здравје, превенирање на дебелина, дијабетес, менструални болки и дека има уште многу други здравствени придобивки врз вашето здравје.

Сигурно уште во детството имаме слушнато дека појадокот е задолжителен дел од една правилна исхрана, особено ако се обидувате да ја контролирате вашата телесна маса. Во многу училишта, на учениците им е понудена можност да консумираат појадок- со цел колку што е можно повеќе ученици да го избегнат прескокнувањето на овој исклучително важен оброк.

Како и да е не може секое тело, добро да го прифати утринскиот оброк. Во Европа и во САД, 10%-30% од луѓето не појадуваат. Честопати ова се тинејџерки, кои оваа постапка ја објаснуваат со: немање време наутро, немање апетит наутро, или пак се на диета.

Прескокнување на појадокот поради тоа што сме на редукциона диета е навистина контрадикторно- според повеќето нутриционисти. Логиката е едноставна. Ако не јадете наутро тогаш гладта ќе ве стигне навечер, па за вечера ќе изедете висококалоричен оброк- што на крај наместо со слабеење ќе заврши со зголемување на телесната маса.

Па, ајде да ги погледнеме причините поради кои не треба да го прескокнувате вашиот појадок:

  1. Појадокот може да ви помогне да ослабнете.
  2. Појадокот го зголемува вашиот ментален капацитет
  3. Појадокот ја започнува работата на телото.
  4. Појадокот го подобрува метаболизмот.
  5. Појадокот ве прави посмирени.
  6. Појадокот го подготвува телото за физичка активност.
  7. Појадокот ја зголемува вашата отпорност кон болести.
  8. Појадокот го подобрува вашето расположение.
  9. Појадокот го намалува ризикот од срцеви заболувања.
  10. Појадокот ги подобрува фамилијарните односи.

Ценете го вашето здравје, грижете се за вашето тело и ум, за да може да живеете долг и исполнет живот.

Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *