Живејте ги моментите, само тие ќе ви останат!

Умрел некој човек.

Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер.

И Бог рекол: „Сине, време е за тргување.“

Зачудениот човек запрашал: „Зарем? Толку брзо? Имав бројни планови.“

„Жал ми е но се приближи твоето заминување.“

-„Што носиш во куферот?“, запрашал човекот.

Бог одговорил: „Она што ти припаѓа тебе.“

-„Она што ми припаѓа? Ги носиш моите работи, моите одела, моите пари?“

Бог одговорил: „Тие работи никогаш не ти припаѓаа, беа дел од овој свет.“

-„Тогаш ги носиш моите спомени?“

„Тие никогаш не биле твои, му припаѓаа на времето.“

-„Ги носиш моите таленти?“

„Тие никогаш не биле твои, им припаѓаа на околностите.“

-„Ги носиш моите пријатели, моите роднини?“

„Жал ми е, тие никогаш не биле твои, му припаѓаа на патувањето низ животот.“

-„Ја носиш мојата сопруга и моите деца?“

„Тие никогаш не биле твои, му припаѓаа на срцето.“

-„Го носиш моето тело?“

„Никогаш не било твое, и припаѓало на прашината“.

-„Тогаш ја носиш мојата душа?“

„Не, душата ми припаѓа мене. Душата е моја.“

Тогаш човекот преполн со страв го земал куферот кој Бог го носел и го отворил. И видел дека е празен.

И додека солзи му се тркалаа низ лицето, човекот рекол:

„Имав ли некогаш нешто?“

„Да, секој момент кој си го доживеал бил само твој. Животот е само еден момент. Еден момент кој е само твој. И затоа треба, додека имаш кога, да го искористиш тој момент, целосно. Бидејќи ништо од она што си мислел дека го поседуваш не можеш да го задржиш. Живеј сега, живеј го својот живот, и не заборавај да му бидеш благодарен на Бог, бидејќи тоа е единствената работа вредна во животот. Сите работи и сите вредности на овој свет за кои си се борел како би ги имал остануваат овде.“

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *